Закажано е првото венчање на истополов пар во Хрватска

Најубавион венчален простор во Загреб – ‘‘Stara gradska vijecnica‘‘, веројатно ќе биде домаќин на првото истополово партнерство. 

За прв пат пред матичар ќе се појават двајца мажи, од Хрватска, на возраст помеѓу 30 и 40 години. Тие, според информациите на RTL, први поднеле пријава за склучување на животно партнерство. Но терминот и местото на венчавката се‘ уште се непознати. 

,,Да, во една матична служба ја примивме пријавата. Според таквата пријава веќе е одреден и датумот. Тоа ќе се случи помеѓу 30 и 45 дена од сега, но заради заштита на приватноста не можеме да споделиме повеќе податоци‘‘ изјави министерот за администрација Арсен Баук. 

Законот за животно партнерство е влезен во сила од вчера, а сега останува да се осмисли церемонијата. Во Загреб, одлучиле дека во позадина ќе свири Елтон Џон, а матичарот ќе започне со зборовите: Ги поздравувам сите присутни кои ја споделуваат радоста на овој свечен чин.‘‘

,,Го срочивме говорот. За тоа што матичарот има должност да го изговори со неколку топли зборови‘‘ дополнува Асја Етингер.

Парот треба да ги исполни формуларите околу намерата за склучување на партнерство, и тоа изнесува 300 куни. 

,,Имаме многу поднесоци, некои од нив ги добиваме по електронски или телефонски пат. Ние сме подготвени за првите парови‘‘ истакна Асја Етингер. 

По години на обесправеност, референдумот за бракот и многу бесмислени собраниски расправи околу Законот, сепак геј активистите се задоволни.

Исто така, матичарот ќе зборува и за тоа дека животното партнерство е семејна заедница, дека се засновува на рамноправност, достоинство и помагање, односно дека значи и обврска за помош при случај на болест.

,,Се‘ е супер. Матичарите реагираат добро. А цвеќарите и фотографите се во исчекување‘‘ вели Данел Мартиновиќ од Zagreb Pride. 

Сите се во очекување на тоа да видат кој е првиот истополов пар што ќе влезе во историјата.

Извор: http://www.rtl.hr

 

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика