Topher Gen е млад автор и блогер. Тој често зборува и е отворен е кога се работи за проблемите во ЛГБТИ+ заедницата. Во прилог е негова колумна, оригинално објавена на Pride.com.
„Првиот пат кога слушнав за терминот „eating disorder“, имав единаесет години. Отворив едно од списанијата кои мајка ми ги имаше купено, и го прочитав тој збор кој беше опкружен со вознемирувачки фотографии од млади девојки кои беа преслаби и изгледаа уморно. Во тој момент не знаев што значат зборовите булимија и анорексија. Се што знаев е дека девојките на фотографиите изгледаат тажно, гладно и преслабо.
Размислувајќи на статијата, разбрав дека од неа ги понесов следните информации:
1. Само девојките се соочуваат со овие проблеми;
2. Не би сакал да „закачам“ анорексија. Тоа е болест, така?
Никој околу мене не се потруди да ми објасни дека булимијата и анорексијата не се нешта од кои што можеш да се „заразиш“ преку ноќ. После оваа случка, мојот страв од овие две заболувања постојано се зголемуваше. Почнав да ја мерам својата телесна тежина се почесто.
Иако не бев свесен што се случува тој период, после некое време сфатив дека таа статија посади една лоша идеја во мојата глава која што понатака со текот на годините ќе предизвика огромни проблеми поврзани со моето физичко здавје и телесна тежина.
Првиот пат кога се измерив не бев ни тинејџер. Откако во мене се разбуди интересот за тоа колку јас тежам, после првиот пат, не можев да престанам. Имавме стара вага од осумдесетите која стоеше под креветот на мајка ми. Скришум ќе отидев до нејзината соба, ќе ги соблечев патиките и чекав да се појави бројка.
Психичките попречувања поврзани со перцепцијата за физичкиот изглед како и телесната тежина се еден огромен проблем во ЛГБТИ+ заедницата.
Пред некое време гледав документарен филм насловен „Queer Britain“ каде се зборуваше за епидемијата наречена телесна дисморфија која рапидно се шири во нашата заедница. Тоа силно ме погоди поради фактот што сите постојано трагаме по некое совршено и идеално машко тело, не размислувајќи на последиците кои се развуваат поради тој начин на размислување врз менталното здравје.
Луѓето знаат да дадат негативен коментар за се – слушав секакви работи кога бев многу слаб. Сите околу мене сметаа дека мојата фигура е премногу феминизирана за маж. Кога бев крупен, добивав ужасни коментари за моите вишок килограми кои се трудев очајно да ги отстранам.
Коментарите кои ги добивав правеа да се чувствувам како маж недостоен за мојот полов идентитет. Тоа се ме тераше да гледам на мојата феминизираност како нешто лошо. Ова сé имаше огромно негативно влијание врз мене.
Заболувањата како булимија, анорексија, или пак кое било друго пореметување поврзано со храна, се големи изолатори. Прават да се чувствуваш како најосамената личност на светот.
Совршенството е мит.
Целиот тој притисок на кој геј мажите се изложени е нешто многу токсично и има влијание врз психата. Фактот дека самите го ствараме тој притисок и ја шириме таа негативност, иако сме дел од заедница чии темели се градени врз концептот за еднаквост и прифаќање е многу тажен.
Постојано ги осудуваме феминизираните геј мажи иако во исто време не враќаме на пораките на мажите кои се од покрупна градба на Grindr. Или ќе биде мускулесто тело кое што е совршено обликувано – или ништо . Концептот за физички совршен маж е недостижен.
Порано мислев дека ако изедам брокула за ручек, плочките на стомакот сами ќе се појават, а со нив и цела редица на мажи кои ќе бидат заинтересирани за мене. Но, всушност никој не може да го има совршеното тело бидејќи тоа не постои.
Како за крај, нема да ве оставам со најголемото клише на сите времиња кажувајќи ви дека сте совршени онакви какви што сте, бидејќи не сте. Никој од нас не е совршен бидејќи совршенството не постои. Тоа е нешто кон кое што целиме но тоа никогаш не се остварува. Мораме да сме свесни за фактот дека треба да престанеме со фразите од типот „Би изгледал прекрасно ако…“, „Твоето тело би изгледало совршено ако…“, итн.
Во иднина, пред да упатите било каков коментар како горенаведениот, ве молам да бидете свесни за психолошките последици кои некој би можел да ги претрпи заради вас. Како инклузивна заедница мораме да сме свесни за проблем. “
Извор: HIVPlusMag
Коментарите не се дозволени
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348