Визија
Визијата на ЛГБТИ центарот за поддршка е општество ослободено од дискриминација, во кое сите луѓе ги уживаат универзалините човекови права и слободи без разлика на новната сексуална ориентација, родов идентитет или која било друга карактеристика.
Мисија
Мисијата на ЛГБТИ Центарот за поддршка е зајакнување на ЛГБТИ заедницата за самозастапување, како и менување на правниот и социјалниот статус на ЛГБТИ луѓето во Република Македонија.
Слоган
Различни. Еднакви. Слободни.
Организациски вредности
Вредностите на ЛГБТИ Центарот за поддршка се базираат на разноликоста, еднаквоста и слободата. Во основата на нашето дејствување се втемелени универзалноста, солидарноста и мирот.
1. Инклузивност
Центарот ги почитува и промовира различностите и се стреми кон вклучување на истите во процесите и активностите.
2. Еднаков третман
Ослободени од предрасуди, ги почитуваме сите подеднакво.
3. Доверливост
Вие сте нашиот приоритет. Ве слушаме, ве разбираме и сѐ останува меѓу нас.
4. Љубов
Google James Blake for more… <3
5. Тимска работа
Поддршката за поединецот е успех за нашите групи кои го сочинуваат тимот на Центарче. Ние сме големо, динамично семејство на ЛГБТИ активисти, поддржувачи, сонувачи…
6. Квалитет
Професионалноста, одговорноста за навремено информирање и советување како и едукацијата со вклучени стручни лица ја одразува посветеноста на нашиот тим.
7. Транспарентност
Работата на Центарот е транспарентна во организацијата, како и кон околината.
8. Зачувување на околината
ЛГБТИ Центарот за поддршка се грижи з
а зачувување на животната средина.
___________
Кои сме ние
– Борци и промотори на човекови права
– Активисти
– Ентузијасти
– Правници, економисти, машинци, преведувачи, книжевници, политиколози
– Лезбејки, геј мажи, бисексуалци-ки, трансродови и интерсексуални луѓе
– Антихетеронормативци
– Личности од сите возрасти кои делуваат за општествени промени
Зошто постоиме
– Подршка на ЛГБТИ луѓето
– Зацврстување на ЛГБТИ заедницата
– Искоренување на стереотипите и предрасудите во нашето општество
– Менување на социјалниот и правниот статус на ЛГБТИ луѓето во Македонија
– Зголемување на видливоста на ЛГБТИ заедницата
– Отпор на патријархалните и хетеронормативни концепти
– Сензибилизација на надлежните институции и општата јавност
– Јакнење на капацитетите на ЛГБТИ популацијата за самозастапување
– Промоција, заштита и почитување на правата на ЛГБТИ луѓето
– Мониторинг на постојната легислатива, нејзиното извршување и пракса.
– Мониторинг на медиумите
– Градење на мрежи на организации, неформални групи и активисти на национално и меѓународно ниво
На кого му служиме
1. ЛГБТИ заедницата
2. Институциите
3. Целото општество
Фокус групи
– Лезбејки,
– Геј мажи,
– Бисексуалци-ки,
– Транс,
– Интерсексуалци,
– Нивните семејства пријатели и поддржувачи.
Целни групи
– Општа популација
– Донесувачи на одлуки
– Претставници на јавни државни институции на локално и централно ниво
– Млади
– Меѓународна заедница
– Граѓански организации и неформални групи и активисти
– Медиуми
Каде делуваме
Физички локации
a. Центарот
b. МХК
c. Државни институции
d. Приватни институции
e. Организации
f. Мрежи
g. На национално ниво
h. На регионално ниво
i. Европа -> Брисел
Области на практика:
a. Дискриминација (сите области)
b. Судство -> правен сектор
c. Медицинска област
d. Образование
e. Социјални односи
f. Домување
g. Спорт
h. Култура и уметност
Како делуваме
Кон заедницата
– Преку организирање на групи за самопомош.
– Организирање на социјални активности
Во однос на правната рамка и институциите
– Бесплатна правна помош
– Мониторинг, известување, застапување и лобирање во правниот сектор.
Во однос на јавноста
– Организирање на јавни настани, изработка на брошури, дебати и културно уметнички фестивал.
– Работа со медиуми