Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија – ЛГБТИ Центар за поддршка во рамките на Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето објавува оглас за вработување на МЕНАЏЕР/КА на „Сигурна куќа“ – шелтер центар за заштита и помош на ЛГБТИ (18+) жртви на насилство.
ОГЛАС ЗА МЕНАЏЕР/КА НА ШЕЛТЕР ЦЕНТАР „СИГУРНА КУЌА“
Опис на работни задачи и одговорности:
- Обезбедува непречено и постојано функционирање на Сигурната куќа;
- Се грижи за навремена набавка на сите неопходни материјали за корисниците и самата Сигурна куќа;
- Го организира и се грижи за непречено функционирање на сменското работење на сите вработени и ангажирани лица на дневно и месечно ниво;
- Тесно соработува со стручниот тим и ги следи сите фактори кои може да влијаат врз добросостојбата на корисниците и кохезијата во шелтерот;
- Врши мониторинг и се грижи за спроведувањето на програмите во Сигурната куќа, кои се организираат согласно потребите на корисниците;
- Се грижи за исполнување на сите безбедносни аспекти;
- Се грижи за почитување на принципите и протоколите според кои работи Сигурната куќа;
- Воспоставува и одржува комуникација со државните институции и други организации;
- Ги следи и останатите фактори кои може да влијаат како промена на позитивното законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;
- Одржува редовна комуникација и подготвува редовни извештаи до останатите од тимот во Сигурната куќа како и до МХК – ЛГБТИ Центарот за поддршка;
- Потребни квалификации:
- Диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС;
- Искуство во работење со жртви на насилство, млади, бездомништво;
- Искуство во областа на менаџирање на човечки ресурси;
- Искуство во работење или комуникација со сексуални и родови малцинства;
- Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
- Компјутерски вештини;
- Напредни организациски и комуникциски вештини.
Како предност ќе се смета:
- Работно искуство во областа на заштитата на човековите права (пр. советување, информирање и работа со граѓани, граѓански активизам, едукација или истражување);
- Искуство во подготовка на предлог-проекти и менаџирање на проектни циклуси;
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 15.12.2017, 16:59 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Ќе бидат контактирани најквалификуваните кандидат/ки кои ќе бидат избрани во потесен круг, со нив ќе биде спроведено електронско тестирање, по што најдобрите 5 кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран/а кандидат/ка и ќе му/и биде понудена работната позиција.
Договор за вработување:
Со избраниот/та кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата. За работното место е предвидена почетна месечна нето плата од 25,000 денари.
Коментарите не се дозволени
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348