ОГЛАС ЗА ПСИХОЛОГ
Социјалниот „шелтер“ центар Сигурна куќа, кој е во склоп на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија – ЛГБТИ Центар за поддршка, има потреба од вработување на психолог.
Опис на работни задачи и одговорности:
- Прави анализи и оценување на состојбата во која се наоѓаат корисниците;
- Помага во надминување на ситуациите со кои се соочуваат корисниците;
- Ги следи сите фактори кои влијаат врз корисниците одделно и како заедница;
- Воспоставува и одржува комуникација со државните институции доколку е тоа потребно во одделни случаи или системски;
- Ги следи и останатите фактори кои може да влијаат како промена на позитивното законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;
- Одржува редовна комуникација и подготвува редовни извештаи до останатите од тимот во Сигурната куќа како и до МХК – ЛГБТИ Центарот за поддршка;
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС – психологија;
- Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
- Компјутерски вештини;
- Напредни организациски и комуникциски вештини;
Како предност ќе се смета:
- Завршени постдипломски студии;
- Искуство во областа на психолошко советување и заштита;
- Работно искуство во областа на заштитата на човековите права (пр. советување,информирање и работа со граѓани, граѓански активизам, едукација или истражување);
- Искуство во работење со жртви на насилство, млади и бездомништво;
- Искуство во работење или комуникација со сексуални и родови малцинства;
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk, најдоцна до 30.03.2018, 16:59 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Со десетте најквалификувани кандидат/ки ќе биде спроведено тестирање, по што најдобрите 5 кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.
Договор за вработување :
Со избраниот/та кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно во три смени. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата. За работното место е предвидена почетна нето плата од 20.000,00 денари месечно.
Коментарите не се дозволени
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348