ЛГБТИ Центарот за поддршка во рамки на проектот „Млади артивисти за промена“ објавува оглас за ангажирање на асистент/ка на проект на определено време.
МЛАДИ АРТИВИСТИ ЗА ПРОМЕНА (МАП) е креативна и иновативна алијанса помеѓу 5 држави: Македонија, Косово, Србија, Албанија и Холандија, а финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Холандија. Проектот се фокусира на учеството на млади од 15 до 24 години во активности поврзани со филм, театар, подкасти и раскажување на приказни. Специфично таргетираме млади (вклучувајќи ги и оние кои работат со млади) и ги охрабруваме во нивните обиди за промена и подигнување на свесноста за ЛГБТИ правата и родовата еднаквост преку уметност.
Позицијата се отвара за период од две години, со шестмесечен пробен период и можност за продолжување.
Опис на работната позиција
- Aсистирање во организацијата и непречена имплементација на активностите во рамки на проектот
- Развивање и имплементирање културни настани за подигнување на свесноста во однос на ЛГБТИ правата
- Асистирање при подготовката на дописите и соопштенијата до јавноста и превзема активности поврзани со медиуми и социјални мрежи;
- Асистирање во техничките и логистичките операции во соласност со потребите на проектот;
- Асистирање при изготвување на извештаите кон донаторот;
- Известување за имплементација на активностите од проектот кои му се делегирани од страна на координаторот/ката на проектот ;
- Одговорност за исполнување на краткорочните и долгорочните цели на проектот;
- Останати задачи поврзани со активностите на проектот и организацијата;
Потребни квалификации
- Завршено високо образование или отпочнати студии во високо образование за стекнување на 180 кредити согласно ЕКТС во областа на културата/уметноста или општествените науки;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање на работа со Microsoft Office;
- Напредни организациски и комуникциски вештини
- Развиено чувство за работа со маргинализирани заедници (сексуални и родови малцинства);
Предност ќе имаат кандидатите кои
- говорат албански јазик;
- имаат работно искуство/волонтерство во областа на културата/уметноста;
- имаат работно искуство или комунуникација со сексуални и родови малцинства;
- развиено чувство на динамичност, амбициозност или самоиницијативност;
Работно време
Позицијата подразбира полно работно време од 40 часа неделно во две смени, а по потреба и во деновите од викенд;
Рок и потребни документи за аплицирање
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: info@lgbti.mk најдоцна до петок, 14.06.2019 до 17 часот.
Постапка за избор на кандидат/ка
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Кандидатите со најдобри резултати ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.
Силно ги охрабруваме сите ЛГБТИ луѓе кои се заинтересирани да се пријават на огласот.
Коментарите не се дозволени
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348