Во општества во кои се отвораат прашањата за еднаквоста и разбирање на различноста, од големо значење се уметничките прикази преку филмови, книги, ТВ маркетингот и воопшто содржината на ТВ програмите. Оттука, авторите кои ги опфаќаат ЛГБТ темите во своите дела имаат голем придонес кон дестигматизација на ЛГБТ општествените околности.
Последното дело на авторот Нил Гејман насловено како The Sleeper and the Spindle, обработува приказна за една женска хероина.
Романот кој содржи илустрации од Крис Ридел, содржи и описи и отсликување на принцезата која е пробудена од сон со бакнеж од кралица.
Објавувачката куќа Bloomsbury го опиша делото кое ќе биде издадено на 23-ти октомври како ,,темен пресврт на класичните бајки кој ги истакнува женските карактери во преден план‘‘. Од таму дополнуваат ,,И покрај тоа што не станува збор за хомоеротска приказна, сепак се отвораат темите кога бакнежот помеѓу две жени е опишан и илустриран во книга за млади читатели.‘‘
Гејман е британски автор и е светски познат по неговите текстови од областа на фантастиката меѓу кои и бестселерите Stardust, Coraline and Neverwhere, како и серискиот графички роман Sandman.
Неговата нова книга се однесува на приказната за млада кралица која на вечерта на нејзината веридба, одлучува да ја спаси принцезата од соседното кралство која е под клетва и потоната во длабок сон.
Имајќи ја предвид критиката која и‘ беше упатена на JK Rowling откако авторката откри дека Албус Дамблдор бил геј (карактер од серијалот ,,Хари Потер‘‘), и Гејман може да биде изложен на коментари од таков тип од страна на поконзервативните критичари.
Независно од тоа, Суран Диксон од Diversity Role Models (организација која застапува комуникација со ученици водена од ЛГБТ луѓе) позитивно ја поздрави новата книга на Гејман, и изјави ,,Нашите работилници во училиштата се искуство кое покажува дека децата ја разбираат љубовта како најважен аспект на релацијата.‘‘
The Sleeper and the Spindle едноставно упатува на тоа дека не секоја принцеза е нужно пробудена со бакнежот на принц, и тоа им помага на младите читатели да ги разберат различните релации, односно оваа книга може да ги заштити и оние кои се деца на истополови партнери од вознемирување во училиштата (bullying).
Извор: http://www.gaystarnews.com