Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/load.php on line 643

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/theme.php on line 1556

Deprecated: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in /home/lgbti/public_html/old/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-mapper.php on line 111

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/plugin.php on line 233

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Наспроти насилството и омразата, јавниот обвинител не е во тек – LGBTI Macedonia

id="post-1082" class="post-1082 post type-post status-publish format-standard has-post-thumbnail category-ostanato single-post-content has-thumbnail" itemscope="itemscope" itemtype="http://schema.org/Article">

Наспроти насилството и омразата, јавниот обвинител не е во тек

Група активисти за човекови права, припадници на ЛГБТИ заедницата и нивни поддржувачи, денес во 12.00 часот, го одржаа вториот по ред мирен протест пред Основно јавно обвинителство на Република Македонија, како реакција на неефективноста на работата на институциите, и недостатокот на политичка волја за решавање на случаите на насилство кон ЛГБТИ луѓето во Македонија, но и кон активистите за човекови права. 

И покрај тоа што присутните на протестот, кои според Уставот на Република Македонија имаат загарантирано право на мирно собирање (Член 21), односно имаат право непречено да учествуваат на настан кој упатува на конкретна политичка и правна состојба, сепак од страна на полициски службеници, непознати и неуниформирани лица и вработени лица во Основното јавно обвинителство беше попречен протестот и со тоа им беше нарушено правото на мирно собирање на присутните. 

Со физичко пристапување и вербални напади (особено низ закани дека ќе се пристапи со сила), присутните беа повикани, да го напуштат влезот на Јавното обвинителство, затоа што зградата на Основното јавно обвинителство била јавна институција. Потсетуваме дека јавните институции, односно јавниот простор воопшто, е/треба да биде достапен на сите граѓани на Република Македонија.  

Во врска со попречувањето на протестот, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Уранија Пировска изјави: 
,,Јас сум запрепастена што полициски службеници кои што денеска, на некој начин не попречија да го оствариме своето уставно право на протест, не ги знаат одредбите од Уставот. Јас сум, исто така, запрепастена од вработени во оваа обвинителство коишто исто така сакаат да испровоцираат да дојде до некоја пресметка помеѓу нас, и на сила сакаат да поминат преку групата која што стои пред влезот на обвинителството. 
Имаме право да го одржуваме овој протест – кажавме дека ќе трае 30 минути – и повторно од страна на полициските службеници и одредени непознати неуниформирани лица бевме на некој начин попречени да го направиме тоа.‘‘

За време на денешниот протест, беше најавено дека и понатаму активистите за човекови права, припадниците и поддржувачите на ЛГБТИ заедницата ќе го остваруваат своето право на мирно собирање, упатувајќи ја пораката ,,Истрагата е во тек… ДО КОГА?‘‘, со цел да се истакне потребата од ефективно институционално третирање на насилство насочено кон конкретна група, мотивирано од омраза.

,,Ние ќе продолжиме да одржуваме протести се додека не бидат пронајдени и изведени пред лцието на правдата сторителите на сите напади кои се случија врз ЛГБТИ заедниацта во Македонија. Нашиот фокус е повторно Јавното обвинителство, бидејќи добивме информација дека полицијата има поднесено извештаи до обвинителство, ја слушнавме и изјавата на обвинителот Зврлевски и тоа е поткрепа дека институциите не си ја вршат својата работа‘‘ – потенцираше Пировска. 

Значајно да се напомене е дека постои изразена селективност во остварувањето на правдата, кога тоа се однесува на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Имено, и покрај тоа што од страна на Министерството за внатрешни работи биле поднесени извештаи за последните два напади до Основно јавно обвинителство, по одржувањето на првиот протест во врска со последниот напад врз ЛГБТИ заедницата во кафе-барот ,,Дамар‘‘ – Јавниот обвинител Марко Зврлевски изјави дека не е запознаен колку напади имало и кога се случиле. Како што ќе изјави Пировска, тоа е поткрепа на тврдењата дека обвинителството не ја врши или одбива да ја врши својата работа, односно го открива индолентниот став на обвинителот во врска со нападите врз ЛГБТИ заедницата. Конечно, и покрај тоа што жртвите беа двапати повикани да дадат искази за инцидентот кој се случи на 23. 10. 14 година во ,,Дамар‘‘, се‘ уште истрагата е во тек. 

На денешниот протест, низ симболичко прикажување со положените ,,мртви тела‘‘ пред зградата на Основно јавно обвинителство, се посочи на:
радикалната можност од насилството мотивирано од омраза (дела од омраза), односно смртта и да се постави прашањате дали е потребно да се случува смртта на која, конечно, институциите ќе реагираат? Понатаму, хиперболизацијата низ ,,мртви тела‘‘ се однесува на континуираното насилство во различни форми – истоштува, усмртува на различни начини (емотивно, афективно, психолошки, социјално) – кое доведува до статус на ,,социјални мртовци‘‘. Социјалниот статус на припадниците на ЛГБТИ заедницата во македонското општество се воспоставува низ ,,социјално убиство‘‘ преку исклучувачките, дискриминаторските, угнетувачките официјални политики, понатаму преку официјално поттикнување на насилството во чиј корен е непрепознавањето на човековата вредност, односно дехуманизацијата. Конечно, оние што се усмртени социјално или се социјално непостоечки, не може да бидат ниту обжалени, затоа што насилството врз нив не се препознава и оттука на истото не се реагира. 

Фотографиите се во продукција на Ванчко Џамбаски, кој на својот flickr профил, во прилог на истите напишал:
,,Прво дојдоа редарите да ги избуткаат на страна. Не успеа! Потоа дојдоа полицајците и тренираа строгост: „Ако не си одите, на сила ќе ве истераме”. Не успеа! Па дојдоа агенти провокатори (се познаваат по чантичките) да предизвикаат инцидент. Не успеа! А цело време никој не ги забележуваше мртвите.‘‘

Видео записите се користени од novatv.mk