Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/load.php on line 643

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/theme.php on line 1556

Deprecated: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in /home/lgbti/public_html/old/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-mapper.php on line 111

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/plugin.php on line 233

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Уранија Пировска ја презентираше ,,Страв од летање‘‘ во Читателскиот клуб – LGBTI Macedonia

id="post-1084" class="post-1084 post type-post status-publish format-standard has-post-thumbnail category-ostanato single-post-content has-thumbnail" itemscope="itemscope" itemtype="http://schema.org/Article">

Уранија Пировска ја презентираше ,,Страв од летање‘‘ во Читателскиот клуб

Оваа среда во Читателскиот клуб во ЛГБТИ Центарот за поддшрка беше презентиран романот ,,Страв од летање‘‘ на писателката Ерика Јанг, од страна на Уранија Пироврска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

Во однос на изборот на делото за презентирање во рамки на Читателскиот клуб, Уранија Пировска посочи на оправданоста на романот ,,Страв од летање‘‘ како книга која ја потенцира сексуалната ослободеност и поширокото значење на сексуалноста, особено во динамиката на женската еманципација. ,,Ја избрав оваа книга затоа што е типична женска книга, преку која се изразува револтот од стегите како продукт на машката доминација‘‘. И покрај временската дистанца и годината на објавување (1973), во овој роман, Ерика Јанг третира прашања кои се одразуваат и во современите позиции на жената, особено низ женската сексуалност, кои се поврзани со јасното и експлицитно опишување на женското само-чувство, женското поимање и доживување на сексот, како и со изразувањето на женските желби. Меѓу другите критики, романот ,,Страв од летање‘‘ бил оценет како едно од најконтроверзните дела на дваесетиот век, и на таа линија на критизерски обид за миноризација на значењето на ова дело за женската еманципација и отфрлањето на маскулинистичката доминација, Ерика Јанг во поврзаност со нејзиниот роман кој содржи автобиографски елементи е наречена ,,мамутската вагина‘‘. Но и покрај таквите обиди на поедноставување и вулгаризација на ,,Страв од летање‘‘, поентата на ова исклучително дело, како што посочи Уранија Пировска во презентирањето на истото, категорично ја означи еманципацијата на жената во и преку литературното творештво. Тоа, впрочем, директно е содржано во афирмативната критика на Хенри Милер за романот ,,Страв од летање‘‘ како женска верзија на ,,Јарчевиот повратник‘‘.

Ослободувањето на жената преку сексуалноста, според Ерика Јанг, опфаќа повеќе аспекти и сите тие се во тесна врска со односите на моќ и маскулинистичката логика на доминација. Во таа смисла, Ерика Јанг отвара низа прашања кои ја преиспитуваат женската подреденост и конвенционалното прифаќање на таквата подреденост, попатно посочувајќи на примерот со задавањето на татковото презиме на децата.

И покрај тоа што Ерика Јанг признава дека за сопствената сексуалност учела и низ делата на мажи автори, таа со ,,Страв од летање‘‘ отвара нов простор на позиционирање на жените, особено имајќи ја предвид фантазијата и еднаквата можност за остварарување на истата, како за мажите така и за жените, односно еднаквата можност за специјалната состојба на доживување оргазам како апсолутно ослободување. На таа линија, се истакнува сексуалното искуство ослободено од очекувањата, надежите, емотивноста како отворено кон и сходно на женската сексуалност преку концептот на ,,секс без патент‘‘. Имено, Ерика Јанг се обидува да ја транспонира женската сексуалност во ,,машкиот простор‘‘ на сексуалноста, така што радикално се отклонува од конвенционалната рамка на женската сексуалност која поначесто е врзана со неверството.

На таа линија, Уранија Пировска ја истакна неисклучивоста на коректниот однос кој што главната хероина Исидора го има со својот сопруг Бенет и грижата на совест заради неверствата како елемент на тој однос, со доследноста кон автентичната женска потреба на Исидора да учествува во споделени еротски искуства со непознати мажи.

Оттука, Ерика Јанг се обидува преку деконструкција на бракот и на ,,љубовта во рамка‘‘ како можна опасност по романтичните искуства и промените кои се случуваат во врамената размена, да укаже на значењето на женската сексуалност која се спротивставува на конвенционалните очекувања за женската подреденост – мерлива преку посветеноста и истиснувањето на сексуалните фантазии. Во таа смисла, неверството во овој роман претставува платформа за надминување на конвенционалната осуда за остварената женска сексуалност, наспроти остварената машка сексуалност која се апсолвира низ општото прифаќање за таквата отвореност.

При презентирањето на ,,Страв од летање‘‘ Уранија Пировска, посочи на литературното изобилство со дијалози преку кои се одбележува авторската интроспекција, и разгледите на романтичните искуства преку сецирање на стравовите. Имено, насловот на овој роман е поврзан со фобијата на главната хероина Исидора од летањето – како метафора. На таа линија, значајна е критиката на Ерика Јанг за фројдовската теорија која се концентрира на фалусот и повторно се води од машката доминација. Иако, во голема мера, Ерика Јанг ризикува да ,,пропадне‘‘ во машката приказна за балансот помеѓу половите – настојувајќи да ја опфати целата комплексност на женската сексуалност – сепак се одржува јасната авторска намера да се потенцира способноста на жената да го препознае сопствениот модел за добар живот.

Таквото настојување, посочи Уранија Пировска, најдобро се согледува во односот на Исидора со нејзината најстара сестра која е омажена и живее во Бејрут, ја прифатила религијата на својот сопруг, и одгледува девет деца – како тотално различна димензија на женскоста и опис на шаблонското домаќинствување.

Во расплетот на приказната на Исидора, всушност, се воочува уште еден дефинирачки аспект на женската опстојба, а тоа е стравот од самотијата – метафорички опфатен во насловот на овој роман, кој како што посочи Уранија Пировска е различен од привидот за функционалната зависност на жената од мажот. Конечно, повторното навраќање на Исидора кон заедништвото со нејзиниот сопруг Бенет, без нагласување на процесите на опростување и заборавање, го истакнува освестениот став на главната хероина дека ќе заврши како нечија љубовница или нечија сопруга, заради нејзиниот страв од самотијата.

Во дискусијата која се отвори по инспиративното презентирање на ,,Страв од летање‘‘ од страна на Уранија Пировска, се посочи на ,,половата неутралност‘‘ на стравот од самотијата и на втемеленоста на овој страв кој се однесува на човечката суштина. Иако, ,,женската форма‘‘ на овој страв беше издвоена како поинаква, заради женската историјата на подреденост, така што поголемата набиеност на овој страв може да се воочи кај припадниците на групите кои имаат историја на подреденост, впрочем, како што се и сексуално разликувачиките групи. Но стравот од самотијата беше протолкуван и како конструктивен, односно како придвижувачка сила на себството кое се осознава низ односите со Другиот, на линија на тезите на Чарлс Тејлор за ,,дијалошкиот карактер‘‘ на самоосознавањето.