Советот на Европската унија вчера по прв пат организираше конференција за правата на ЛГБТ луѓето, во ко-организација со италијанското претседателство и агенцијата на Европската унија за фундаментални права.
Во врска со ова, извршната директорка на ИЛГА-Европа Евелин Парадис изјави: ,,Во текот на денешната конференција, дефинитивно почувствувавме нова енергија во однос на човековите права на ЛГБТИ луѓето, во рамки на европските институции и државите-членки. Се согледува јасниот знак во ЕУ стратегијата за правата на ЛГБТИ луѓето. Дополнително, сведочевме на позитивните пораки кои значеа поддршка за одблокирање на предлогот за подобри ЕУ анти-дискриминациски директиви.
Оттука, вистински се надеваме дека симболичното и воопшто значајноста на одржувањето на конференцијата во Советот на ЕУ, заедно со позитивните знаци од страна на европските институции и државите-членки кои значат нов моментум за човековите права на ЛГБТИ луѓето во Европа, сето тоа преведувајќи го во вистински и супстанцијален развој на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Европската Унија во следните 5 години.‘‘
Повеќе информации за конференцијата со наслов“Tackling sexual orientation and gender identity discrimination: next steps in EU and Member State policy making” на следниот линк: http://fra.europa.eu/en/event/2014/tackling-sexual-orientation-and-gender-identity-discrimination-next-steps-eu-and-member
Конференцијата се потпира на анкетата спроведена од Агенцијата за фуднаментални права која го открила опсегот на дискриминацијата и злосторствата од омраза на кои се изложени ЛГБТИ луѓето.
На пример, во 2008 година, во девет земји членки дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација била ограничена само при вработувањето. До 2014, бројката опаднала на три. Понатаму, во 2010, осум држави-членки ги сметало истополовите партнери за „семејни членови“ во контекст на слободно движење на луѓето во ЕУ. Во меѓувреме таа пракса ја вовеле вкупно 18 држави-членки.
Се потсетува дека во пракса најголемите проблеми на ЛГБТ луѓето се злосторствата од омраза, злоставувањето и дискриминацијата. Според тоа, потребни се севкупни законски и незаконски мерки на национално ниво и на ниво на ЕУ за да можат ЛГБТ луѓето да живеат достоинствено и со почитување, се вели во соопштението.
Извор: http://ilga-europe.org