Малтешкиот Закон за родов идентитет, родовото изразување и полови карактеристики, усвоен на први април, 2015 година, е првиот закон со кој во целост се поддржува правото на самоодредување на сите транс и интерсекс лица, и го штити нивниот телесен интегритет. Со законот, точно се дефинира брза, транспарентна и достапна правна процедура за признавање на родот на полнолетните и малолетните лица, односно се забрануваат хируршки процедури со кои се менуваат половите карактеристики на личноста, без нејзина согласност. Ова е првиот закон во светот со кој се овозможува овој степен на заштита на човековите права на транс и интерсекс лицата, така што целосно е избегната патологизација на овие лица.
Малтешкиот закон е заснован на предлог на ЛГБТИ советодавниот собир, и развиен е по период на консултација со многу меѓународни организации кои работат во областа на човековите права.
Овој прогресивен закон, следеше по неколку ветувачки уставни и законски примени кои малтешкиот парламент ги усвои во текот на изминатите години. Во 2013 беше овозможено склучување на брак помеѓу транс лица, а во 2014 година родовиот идентитет е додаден на листата на заштитени карактеристики, според устав, како анти-дискриминациски одредби. ВО 2014 година, родовиот идентите е препознат и како основ за азил, и на тој начин на транс лицата им е обезбедена поголема заштита од државните закони кои ја регулираат таа област.
Воведените процедури за признавање на родот, подразбираат едноставна изјава од страна на личноста чиј род се признава пред нотар, и понатаму се забрануваат било какви медицински податоци кои се дел од изјавата, а целокупниот процес трае 30 дена. Преку судски процес, дозволено е и барање за признавање на родот на малолетни лица, за што можат да аплицираат законските родители на детето. А во текот на таквиот судски процес, посебен обзир се има кон најголемиот интерес на детето.
Со законот не е забранета само било каква беспотребна хируршка промена на половите карактеристики (нормализирање на полот на интерсекс децата), без одобрување од страна на лицето за кое станува збор, туку е предвидено и родителите или старателите да можат да го одложат впишувањето на полот на детето во матичниот извод, се‘ додека не биде конечна можноста за востановеност на родовиот идентитет на дететот. Со ова одредба, на интерсекс лицата им се овозможува сами да одлучуваат за својот пол и родов идентитет.
Исто така, воведени се и проактивни мерки во областа на здравството, недискриминација и правата од кривичното право чија цел се однесува на пружење поддршка и создавање на инклузивна средина за транс лицата.
Законот за родов идентитет, родово изразување и полови карактеристики имаше јака политичка поддршка, но и поддршка од страна на јавноста, која следеше по консултациите со јавноста низ дебати, пред неговото усвојување и трите читања во парламентот. И владеачките партии, и оние опозициските, гласаа за негово усвојување, и единствено што преостанува е негово презентирање пред претседателката на Малта, Марија Луис Колеиро Прека и потпишување од нејзина страна.
Извор: lgbt.ba