Изминатава година ЛГБТИ Центарот за поддршка го спроведе проектот „Поддршка на ЛГБТИ луѓето кои живеат под ризик“. Во рамките на овој проект Центарот спроведе истражување меѓу ЛГБТИ луѓето од Скопје (вклучувајќи го Шуто Оризари), Куманово, Битола, Тетово, Прилеп и Струмица.
Ова истражување не е направено на репрезентативен примерок, ниту има намера да претстави слика за тоа како целата ЛГБТИ заедницата го согледува сопственото место во општеството. Во нашето општество, но и пошироко, тоа е скоро невозможно. Пред сè, големата стигма која со векови ги прогонува ЛГБТИ луѓето, сеуште држи голем дел од заедницата многу скриен пред другите, а честопати и пред себеси. Особено кога зборуваме за бисексуалците, трансродните и интерсекс луѓето. Ова истражување е спроведено меѓу луѓе, низ целата територија на Република Македонија и во различни етнички и социјални средини, со оние кои се одважиле барем пред себеси да си признаат кои се и што очекуваат од системот во кој партиципираат (мисловно, материјално и дугховно), да им овозможи. Истражувањето е сосема анонимно и спроведено „од човек на човек“. За нас како организација, која многу години ги следи движењата и ставовите во ЛГБТИ заедницата, резултатите се застрашувачки. Истражувањето покажува дека целосната партизација и ексклузивноста во која е втурнато македонското општество и институции сосема ја имаат избришано довербата во системот, институциите, можноста за правда, сугерирајќи дека ние како ЛГБТИ заедница живееме, не само на маргините, туку и како луѓе од втора класа во сопствената држава, на која ? плаќаме даноци за да ни ги овозможи подеднакво сите сервиси. Зборуваме тука за фрапантни бројки како 75% недовреба во полицијата дека ќе нè заштити како ЛГБТИ луѓе и нашите права, или пак 90,33% од испитаниците кои сметаат дека институциите не обезбедуваат доволно информации кои би н? помогнале во процесот на самозастапување, практикување и одбрана на сопствените права во областа на правната заштита, личната безбедност и заштитата од насилство. Ова укажува на целосно уништен систем, систем преземен од ексклузивна „каста“, која користејќи ги парите собрани преку даноци од граѓаните, ги понижува, застрашува и маргинализира истите тие граѓани.
Со години наназад, невладините организации кои се бават со прашања од интерес за ЛГБТИ луѓето во Македонија, бројни експерти и меѓународни организации тврдат дека правниот систем, но и практиката на институциите не обезбедуваат доволна заштита на правата и слободите на ЛГБТИ луѓето. Ова истражување е првиот систематски обид на национално ниво за детално статистичко испитување на ставовите и перцепциите на ЛГБТИ луѓето за таргетираните, проблематични области и механизми за заштита. Досегашното искуство на ЛГБТИ Центарот за поддршка покажа дека, во поглед на заштитата на човековите права и слободи, ЛГБТИ луѓето во РМ соочуват со најголеми проблеми во областа на дискриминацијата и пристап до социјални услуги; насилстсво, семејно насилство и институционална заштита; и полициски третман и пристап до полициска заштита.
Така, истражувањето покажа дека дури 39% од испитаниците сметаат дека биле жртви на дискриминација во процесот на оставрување на правата од социјална заштита (социјална превенција, здравствена заштита, социјална парична помош, право на социјално домување, еднократна парична помош или материјална помош). Меѓутоа дополнителен проблем претставува ниската стапка на пријавување на перцепираната дискриминација, каде од оние кои сметаат дека биле дискриминирани, само 17,6% ја пријавиле дискриминацијата во Центрите за социјални работи, а 7,8% во невладина организација. Останатите 74,6% воопшто не го пријавиле случајот. Понатаму, безмалку ист дел, 38,6% од испитаниците сметаат дека биле дискриминирани на нивното работно место поради нивната сексуална ориентација и/или родов идентитет (СОРИ). Една четвртина сметаат дека не биле унапредени на работното место поради нивната СОРИ, една четвртина дека добиле отказ од работното место, 27,7% дека не биле вработени поради нивната СОРИ, додека 22,3% навеле друг облик на дискриминација. Од тие кои сметаат дека биле дискриминирани, дури 90% не ја пријавиле дискриминацијата во ниту една институција или организација.
Дури 65,9% од испитаниците одговориле дека во нивниот досегашен живот биле жртва на насилство поради нивната сексуална ориентација и/или родов идентитет. Од нив, 21.87% одговориле дека биле жртва на физичко насилство, 42.5% одговориле дека биле жртва на психолошко насилство, 29.37% одговориле дека биле жртва на вербално насилство и 6.25% одговориле дека биле жртва на сексуално насилство. Загрижувачки е податокот дека 18% од жртвите на насилство, биле жртви на најмалку три типа на насилство. Повторно, карактеристичен е проблемот на непријавување, каде дури 71,27% од ЛГБТИ жртвите на насилство не го пријавиле случајот во ниту една институција или организација. Секој трет ЛГБТИ човек бил жртва на семејно насилство поради неговата/нејзината сексуална ориентација и/или родов идентитет. Во однос на претпреното насилство, значајно е и да се спомене дека секое шестто ЛГБТИ лице во Македонија смета дека претпело примена на неоснована и прекумерна сила од страна на полициски службеник.
Целосната анализа можете да ја превземете тука
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348