Денес се сеќаваме на оние кои биле жртви или ги изгубиле своите животи заради неприфаќањето на родовиот идентитет и сексуалната ориентација од страна на припадниците на поширокото општество.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви започна во 1999 година, во спомен на Риту Хестер, транс жена која беше брутално убиена неколку години претходно. Нејзиниот случај остана нерешен, како што повеќето случаи на насилство врз транс лицата остануваат нерешени. За голема жал, и оваа година не е променета таквата ситуација. Имено, официјалните бројки покажуваат дека во текот на 2014 година се случиле 226 убиства на транс лица.
Во врска со институционалните механизми, значајно да се напомене е дека транс лицата немаат соодветна можност за пристап до јавните сервиси. Тоа значи дека отежнувачките околности во врска со базичните документи, односно документите за лична идентификација, претставуваат пречка за понатамошни процедури, во различни области – медицинска грижа и здравствена заштита, законодавство. Така, транс лицата, специфично се разликуваат од останатиот дел од ЛГБТ заедницата, имајќи ги предвид нивните потреби кои не можат да бидат артикулирани низ нивните права (ограничени од нивниот пол).
Во таа смисла, незаштитувањето на транс лицата води до состојби на постојано расцепување помеѓу социјалноста на родот и биолошкиот пол, како и постојана осуда од страна на општеството заради нарушувањето на нормите и претставувањето на можноста за различен начин на живот и за отфрлање на билошките зададености.
Потребно е да се предивдат потребите на транс лицата кои ги надминуваат бинарните конструкти и традиционалната поделеност на ,,машки‘‘ и ,,женски‘‘ работи, и оттука да се гарантираат правата на трансродовите лица кои ќе придонесат кон одржување на различниот начин живот, односно ќе придонесат кон квалитетот на таквиот живот.
Социјалната стигматизираност и стравот од насилство претставуваат позиции на трансродовите лица, преку кои ова група се маргинализира и понатаму е изложена на исклучување и дехуманизирање.
Оттука, апелираме на висока институционална и јавна свест за големиот ризик од дела од омраза каде што жртви се трансродовите лица, и апелираме на ефективност на јавните сервиси кога во прашање се потребите и правата на трансродовите лица.
Во продолжение, илустрација на состојбата со насилство врз трансродовите лица на ИЛГА-Европа: