Минатиот петок, во Судот за прекршоци во Загреб се одржа првата парница за случајот против Слободан Новак, автор на текстот “Kad dvojica ili dvije tepaju ‘dijete moje’ – licemjerno lazu!”, објавен во 2013 година во хрватскиот Вечерњи Лист, заради прекршување на членот 25 од Законот за спречување на дискриминација.
Случајот и е доделен минатата година на судиката Катарина Јуришиќ. На првата парница сведочел координаторот на здружението Zagreb Pride, Марко Јуричиќ, додека обвинетиот Слободан Новак не се појавил на истата.
Јуричиќ во текот на сведочењето потсети на тоа како објавениот текст на Новак беше објавен во специфично време за ЛГБТ заедницата, затоа што во 2013, исто така, се одржуваше референдумот за уставното дефинирање на бракот, а во текот беше и расправата за Законот за животно партнерство.
Угледниот академик ја понижи и дискриминираше ЛГБТ популацијата
Тој вели „Тоа лето, 2013 година, медиумската активност беше засилена, и на некој начин тоа создаваше притисок кон нас, затоа што дел од медиумите создаваа негативна атмосфера“. Во тој период, координаторот на Zagreb Pride, беше вклучен во процесот и добро упатен, и напомена дека од тогаш се спласнати емоциите, но „Дури и денес можам да кажам дека текстот е прилично вознемирувачки, а во прв ред понижувачки и дискриминирачки во однос на еден дел од популацијата во ова општество“. Дополнителна тежина на текстот му даде тоа што авторот на текстот е книжевник и академик „кој има углед во ова општество“.
Истакнува, како посебен впечаток му оставило тоа што текстот е пишувам со изразено навредување, како на пример во деловите каде што Новак ги нарекува лезбејките – „недојки“, а припадниците на ЛГБТИ заедницата – „неприродни“, и тврди дека не заслужуваат да имаат исти права во општествто, дотолку што повикува на криминализирање на таквата сексуална ориентација што јасно упатува на дискриминаторската природа на текстот. Токму заради тоа, во тој период следувале и реакции на Zagreb Pride, како и на многу други здруженија, изразувајќи ја својата осуда за текстот, вознемиреноста, стравот и навреденоста, односно чувството на пониженост.
Девијантни немоќници
Исто така, Јуричиќ потсетува и на тоа како текстот на Новак предизвикал големо медиумско внимание, и разни портали продолжиле со објавување на слични текстови, така што се создало негативно опкружување.
„Морам да нагласам дека дискриминаторските наводи во текстот се однесуваа на тоа дека луѓето кои имаат поинаква сексуална ориентација, односно луѓето кои тоа време работеа на тоа истополовите заедници да ги имаат истите права со оние на хетеросексуалните заедници, токму во период кога беа нарекувани неприродни, девијантни, немоќни и на тоа случно, а може да се забележи дека тоа продолжуваше понатаму, на начин на кој и луѓето во брак, а кои немаат деца, се дискриминирани во однос на оние кои имаат деца, имајќи предвид дека суштината на текстот беше репродукцијата на брачната заедница. Како што наведов, битно е да се истакне периодот во кој беше напишан текстот, односно донесувањето на Законот за животно партнерство, и период пред одржување на наведениот референдум, што, всушност, ги истакна дискриминирачките ставови и влијаеше на изразено негативното опкружување за ЛГБТ заедницата“ – рече Јуричиќ, меѓу останатото за кое се зборувало на парницата.
Јуричиќ ја истакна и комуникацијата со Ицан Новосел кој јавно настапуваше во врска со референдумот и претстојниот закон.
„Изгледаше видно вознемирен, затоа што беше изложен на јавноста и рече дека тој текст, буквално, претставуваше ветар во грб за предрасудите кои се врежани во ова општество, а се однесуваат на истополовите заедници.“ Истакнува и за тоа како Новосел, пред се‘ чувствувал физички страв, а со обзир кон тоа дека кампањата подразбирала делување на улица.
Закани и навреди кон Zagreb Pride
Според Јуричиќ, наведениот текст предизвикал и зголемување на говорот на омраза, имајќи предвид дека во тој период, некои граѓани се јавувале во неговото здружение со цел да се закануваат и навредуваат, при што истиот текст предизвикал и дополнителна поларизација на медиумите кој до тогаш биле релативно неутрални, а по објавувањето, се забележувала радикална спротивност и потенцирање на „за“ и „против“ ставовите.
Заради останатите повици, на кои биле изложени и други припадници на ЛГБТ заедницата, била побарана и заштита од страна на полицијата, а личниот страв на Јуричиќ бил околу тоа да не се прошири овој тренд, и секако да не почне да се упатува и кон луѓето кои немаат деца.
На предлогот на Јуричиќ до судиката, за земање и изјава од Новосел како од сведок, таа реагирала позитивно и го прифатила тоа.
Извор: www.crol.hr