Андреја Пејиќ, претходно Андреј Пејиќ, направи вистинска револуција во модната индустрија, настапувајќи и како женски и како машки модел, станувајќи еден од најпознатите андрогини модели во бизнисот и создавајќи возбудливи модни моменти. Кој може да го заборави моментот кога таа стапна на пистата во шоуто СС11 наJean Paul Gaultier, носејќи венчаница?
Иако родена со машки род, Пејиќ отсекогаш ја потенцирала родовата флуидност во модата. Сега моделот, со потекло од Босна и Херцеговина, и со место на живеење во Австралија, јавно се изјасни како трансродова жена која направила операција за промена на полот на почетокот на оваа година, опишувајќи ја својата комотност во својата кожа.
,,Не бев подготвена да зборувам за тоа јавно, затоа што ми беше страв од тоа да не бидам разбрана’’ објаснува Пејиќ за “Style”. ,,Не знаев дали ќе им се допаѓам на луѓето. Но сега го преземам тој чекор, затоа што сум повозрасна, имам 22 години, и мислам дека мојата приказна може да им помогне на некои луѓе. Мојата цел е да додадам човечко лице на оваа борба, и чувствувам дека имам таква одговорност.’’
Пејиќ вели дека знаела за својот транс идентитет од 13-тата година и сакала да направи операција, откако ја открила онлајн транс заедницата, како и читајќи повеќе за медицинските интервенции и истражувања за транс лица.
,,Отсекогаш сум го имала тоа на ум, всушност најголемата желба ми беше да станам девојка’’ – изјавува 22-годишниот модел. Пред повеќе од година, таа ги преиспитувала сите околности и сепак се одлучила да на операција за промена на полот.
,,Бев горда на мојата кариера која не беше родово конформистичка’’ изјавува таа за People. ,,Но мојот најголем сон беше да бидам комотна во своето тело. Морам да бидам искрена со себе, а тоа мора да се прилагоди на мојата кариера.’’ Но најважно од се’, Пејиќ изјавува дека се чувствува среќно и дека тоа 100% се должи на нејзината трансформација.
Таа ја постираше оваа фотографија на Instagram и се заблагодари на нејзините фанови за поддршката низ годините, додавајќи ја оваа мисла за родовиот неконформизам и младите од целиот свет: ,,Не заборавајте дека е ваше право да бидете прифатени сосе вашиот идентитет – ја заслужувате истата почит како и секое друго човечко суштество на планетава.’’
Извор: http://www.dazeddigital.com