Бројот на хомофобични напади, три месеци по „Брегзит“ во Велика Британија е зголемен дури за два пати.
Делата од омраза против лезбејките, геј мажите, бисексуалните и трансродовите лица се зголемени за 174%, и тоа во текот на месеците јули, август и септември, ако се земе предвид бројката на овие напади во текот на овие месеци, изминатата година – според ЛГБТ организацијата која се бори против насилството кон ова заедница Galop.
И статистиките на полицијата ја имаат сличната документација на ова зголемено избивање на дела од омраза и тоа кон етничките малцинства и странците. Некои аналитичари, додека траеше дебатата околу референдумот, ја предвидоа оваа појава на зголемени бројка на дела од омраза врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет на жртвата. Самата Galop веќе има пружено помош на 187 ЛГБТ луѓе кои биле жртви на дела од омраза во изминатиот период, откако беше изгласано по пат на референдум Велика Британија да ја напушти Европската Унија. Во 2017 година, бројката на овие дела изнесувала 72.
Повеќе од 3000 жалби за дела од омраза биле поднесени до британската полиција, и тоа во форма на вознемирување и закани, и тоа особено во неделата пред и неделата после 23 јуни, кога се одржа референдумот.
Nik Noone, извршниот директор на Galop во врска со ова, вели: „Одговорот на Велика Британија на делата од омраза, можеби е најдобриот начин споредено со другите практики низ светот, но нашите законски решенија се далеку од совршени. Највисоката затворска казна која може да ја изрече судот за дело од омраза врз основа на сексуалната ориентација и родов идентитет е 6 месеци. И тоа е само четвртина во споредба со две годишната затворска казна која се изречува за кривично постапување врз основа на раса и религија. И ова дискрепанца треба одново да биде разгледувана.“
Во врска со ова појава, лице од британската Влада изјави: „Во Британија која е место за функционирање на сите, омразата кон индивидуи врз основа на нивната сексуална ориентација и родов идентитет нема да биде толерирана. Ја поздравуваме оцената на Galop за тоа дека законските решенија за дела од омраза на Велика Британија се меѓу најдобрите во светот, но и понатаму постојат нешта кои треба да се направат, и во тој правец владиниот план за овој тип на кривични дела, објавен во јули, вклучува мерки за охрабрување на јавните обвинители да процесираат построги казни за сите дела од омраза, вклучувајќи ги и оние кои таргетираат ЛГБТИ луѓе.“
Извор: www.theguardian.com