Во бројни случаи кога геј луѓето им пристапуваат на хетеросексуални мажи, и покажуваат некаков интерес, најчесто реакциите не се позитивни. Сепак, еден хетеросексуалец и корисник на Imgur, на својот профил објави интересна преписка помеѓу него и еден геј маж, кој се обратил и покажал интерес додека биле заедно на некоја венчална прослава. Ова преписка брзо стана вирална, заради отсуството на хомофобија и поддршката која била укажана.
Користејќи го лажното име Mattim0s, хетеросексуалецот Чад на Imgur го опишал настанот од венчавката на негова роднина. Напишал како во еден момент, му се доближил маж кој дотогаш не го познавал, нервозно му се претставил и прашал за неговото име. Откако се претставил Чад, Шејн му го кажал и своето име и додал: „Сакав да ти кажам дека те набљудувам цела вечер, и сакав ова да ти го оставам пред да заминеме.“ Чад вели дека Шејн во раката му оставил парче хартија, каде што бил запишан неговиот број, брзо потоа заминал.
„Не знаеше дали геј или стрејт, но без оглед на тоа собрал храброст и отворено ми се доближи. Помислив за тоа, како неговиот потег е исклучително храбар, и знаев дека јас на такво нешто не би се осудил“ вели Чад. За разлика од бројни хетеросексуални мажи, кои непријателски би реагирале во целата таа ситуација, кога геј маж се обидува да им се доближи, Чад одлучил да му честита на Шејн за неговата храброст и одлучност да му пристапи. Чад вели дека, всушност, бил поласкан со таквиот потег на Шејн. Го искомуницирал преку смс порака, и му пишал дека има девојка, но сепак дека ја цени храброста на Шејн и дека му посакува се’ најдобро. Шејн на тоа љубезно возвратил, и му признал дека навистина имал тешкотија со храброто настапување и оставањето на својот телефонски број, и му укажал на тоа дека неговата девојка е среќна девојка. Чад на тоа вратил дека верува дека во скоро време и Шејн ќе најде некој кој ќе биде среќен со него, и верува дека и понатаму ќе го продолжи живото без жалење за нешто што го направил, а за што му требало храброст.
По целата настаната ситуација, Чад ја споделил преписката на Imgur, со цел да потсети на тоа дека секој треба да живее без жалење за своите постапки.
„Во животот жалам само за тоа што не су мго направил, а не за нештата што сум ги направил. Ќе го следам примерот на овој човек и ви предлагам да го направите истото“ порачува Чад.
Не е изненадувачки тоа што позитивната реакција на Чад, стана вирална во брзо време, бидејќи истата е инспиративна и покажува една друга страна во настапите на стрејт мажите наспроти контактите со геј луѓето, односно страната на чувство на комплимент, а не на навреда. Имено, бројни се хетеросексуалците кои чувствуваат извесна нелагодност, ако за нив се претпоставува дека се геј, а тоа понекогаш е така бидејќи чувстваат ако со тоа е загрозена нивната машкост.
Извор: www.crol.hr