Впечатокот дека сексуалната ориентација е предетерминирана од биологијата има значаен дел во ЛГБТ дискурсот. Па така ако еден човек нема избор дали да биде геј или не, тоа не значи дека општеството треба да бара од него или неа да биде стрејт – така најчесто гласи аргументацијата.
Но ако се изостави политичкиот контекст на парадигмата „роден/а е така“, истата не е поткрепена со научни докази, укажува новата студија во есенското издание на New Atlantis, журнал фокусиран на политички, социјални и етички рамки на технолошките напредувања.
Студијата нема за цел да тврди дека тоа што некој е геј е негов избор, тук дека спротивното тврдење – дека сексуалната ориентација е избор – е погрешна.
Со содржина од 144 страни, напишана од доктор Lawrence S. Mayer, во моментот со научна резиденција во оделот за психијатрија на “Johns Hopkins School of Medicine“ и доктор Paul R. McHugh, познат психијатар, истражувач и едукатор, како и претходен директор на болницата “Johns Hopkins“, студијата е поделена во 4 дела и ги истражува врските на сексуалноста, оние помеѓу сексуалната ориентација и менталното здравје, како и родовиот идентитет.
Имајќи предвид и други студии од областите на невро-биологијата и социјалните науки, авторите велат дека „Разбирањето на сексуалната ориентација како вродена, биолошки фиксирана сопственост на човечките суштества или идејата дека – луѓето се родени така – не треба да се разбира како научно докажана“.
И во семиот термин „сексуална ориентација“ содржан е извесен амбигвитет, при што истиот се користи да опише и привлекување, и однесување, идентитет и како таков е користен од различни научници. Понекогаш значи и припаѓање на некоја заедница или пак на група која има споделени фантазии.
„Важно е, значи, научниците да знаат со кое од овие значење оперираат, со цел да се знаат прецизните дефиниции кои ги предлагаат, за потоа да може да се интерпретираат нивните наводи“ – се вели во студијата.
Постојат и биолошки фактори асоцирани со сексуалното поведение, стои во студијата, но не постојат „каузални биолошки објасунвања за човековата сексуалност“. Различностите во структурата на мозокот на геј и стрет индивидуите, лоцирани од страна на научниците не се нужно вродени и може да се резултат на опкружувањето, како и психолошките фактори.
„Најсилното тврдење на научниците е на линија на тоа дека за да се објасни сексуалната ориентација се користат и биолошки фактори, во извесна мера, со цел да се претпостави не-хетеросексуалната ориентација на некоја индивидуа“ – стои во студијата.
Извор: www.rt.com