Што е љубов? Ова прашање ја прогонува човечката психа повеќе од било кое друго. Ја окупираше нашата колективна имагинација со милениуми, ги интригираше научниците, филозофите и уметниците. Уште античките Грци се обидувале да ја дефинираат низ различни типови, но ништо не може да ја дефинира љубовта подобро од љубовно писмо. На тој начин, цела комплексност на љубовната релација се преточува во изразот на авторот, и таквата димензија на лично кон универзално понатаму може да се препознае и да придонесе кон разбирањето на љубовта – кон сознаението дека не сме сами.
Откако започна историското поглавје за љубовта кое ги опфати повклучувачките дефиниции за љубовта – во културна и политичка смисла, започна и чествувањето на ЛГБТК љубовните искуства и соодветно љубовни писма, имајќи го предвид единствено најголемиот капацитет на човечкото срце – да љуби.
Во продолжение, ќе презентираме неколку такви љубовни искуства од светот на уметноста, поезијата и политиката.
Романот ,,Орландо‘‘ на Вирџинија Вулф е исклучителен литературен примерок посветен на родовите динамики, и се цени дека истото направи револуција во политиките на квир љубовта. Но значаен податок за овој роман е исто така, неговата базираност на личноста Вита Саквил-Вест или единствената страствена љубовница и долгогодишна пријателка на Вулф. Во едно писмо од 21 јануари, Вест и‘ го пишува следното на Вулф:
,, … Сведена сум на нештата што ги сакаш, Вирџинија. Напишав убаво писмо за тебе во неспаните и кошмарни часови во ноќта, и сето тоа исчезна: ми недостигаш на еден едноставен и очаен човечки начин‘‘.
Маргарет Меад е светски позната како еден од највлијателните антропологисти, кои не само што ја популаризираа антропологијата, туку ја поставија и основата за сексуалната револуција во 60-тите години од минатиот век со студиите во врска со сексот. Меад ја имала најинтензивната и истакната љубовна релација со жена или со антропологот и фолклорист Рут Бенедикт, менторката на Меад.
Писмата на Маргарет до Рут се објавени постхумно во To Cherish the Life of the World: Selected Letters of Margaret Mead, каде што прецизно се опишани позициите на Меад во врска со хомосексуаноста.
Во прекрасната антологија од 1998 година My Dear Boy: Gay Love Letters Through the Centuries – колекција од различни текстови кои ја покриваат универзалната љубов, од посакувањето и недостигот до љубомората и отфрлањето, преку тенденциите на лојалноста, вклучена е и кореспонденцијата помеѓу поетот Петер Орловски и кумот на ,,бит‘‘ генерацијата Ален Гинзберг. Тие двајца се сретнале во Сан Франциско во 1954 година, и ја започнале својата долга животна врска која Гинзберг ја нарекувал ,,брак‘‘. Врската помеѓу овие два автори траела се‘ до смртта на Гинзберг и поминала низ многу фази и повеќекратни предизвици. Она што е карактеристично за нивните писма е недостигот на правилна граматика, односно чудни граматички моменти во пишувањето, можеби затоа што истите биле повеќе израз на чиста емоција, отколку на литературна прецизност.
Во едно од писмата до Гинзберг, Орловски напишал ,, … не грижи се Ален, нештата ќе бидат во ред – ќе го промениме светот според нашата страст – дури и ако мораме да умреме – но ОФ светот се‘ уште има 25 виножита на мојот прозор‘‘.
Еленор Рузвелт е жената која најдолго била првата дама во Америка (1933 – 1945), но исто така и политички највлијателната фигура која работела на прашањата поврзани со жените работнички и непривилегирани млади. Нејзиниот приватен живот долго време бил контроверзна тема. Во летото 1928 година, Рузвелт ја сретнала новинарката Лорена Хицкок, на која и‘ се обраќала со Хицк. Нивната релација почнала од инаугурацијата на нејзиниот сопруг кога таа го носела прстенот подарен од Хицк. Архивите со нивната кореспонденција се отворени во 1998 година.
Во јуни 1891 година, Оскар Вајлд го сретнал лордот Алфред ,,Боузи‘‘ Даглас, 21-годишен студент на Оксфорд и талентиран поет. Боузи важи за музата на Вајлд, особено за делото ,,Портретот на Доријан Греј‘‘, негов злобен гениј и нескротлив љубовник. Нивната кореспонденција била објавена со насловот Oscar Wilde: A Life in Letters и истата претставува бесконечна инспирација помеѓу овие две историски и креативно моќни фигури. Делото “De profundis” е објавено на македонски јазик и во него се содржани писмата на Оскар Вајлд до Боузи, во времето на денови поминати во затвор.
Извор: http://www.brainpickings.org