Пред пратениците во Собранието на Србија, следната година ќе се најде Граѓански законик, според кој, меѓудругото, ќе се отвори можност и за легализирање на заедничкиот живот на истополовите партнери. Доколку истиот биде усвоен, хомосексуалците ќе ги имаат речиси сите права како и хетеросексуалците, подеднакво.
Тоа подразбира правна регулација на заедничкото живеење помеѓу членовите на ЛГБТ заедницата, како можност за решавање на статусот на паровите во врска со наследувањето, добивањето здравствена заштита за невработените партнери (кои се остваруваат преку работниот статус на другиот партнер), како и признавање на рамноправноста како член на семејството, односно да може да се посетуваат партнерите во болница – во ситуации кога тоа е дозволено само за најблиските роднини и исто така, да се донесуваат одлуки за партнерот во врска со начинот на лечење.
Олга Цвејиќ Јанчиќ, членка на Комисијата за изработка на драфт-верзијата на Граѓанскиот законик, објаснува дека тоа ќе биде неопходно, особено со оглед на тоа дека Србија како членка на Советот на Европа, е обврзана пред Европскиот суд за човекови права да ги почитува конвенциите за човековите права.
,,Ако сакаме сериозно да ги разбереме нашите обрвски, поинаква пракса ќе биде неодржлива. Затоа врз основа на Законот за забрана на дискриминација или предлогот за регистрација на истополови заедници кој во 2010 година беше изработен од страна на Центарот за развој на правните студии, ќе може да се остварат правата на истополовите заедници‘‘ – потенцира Јанчиќ, претходен декан на Правниот факултет во Нови Сад.
Бобан Стојановиќ, кој работи во областа на правната помош, во врска со ова оценува – За мене и моето момче, ова законско решение е многу значајно. Со тоа нема да имаме потреба да размислуваме околу последиците од нашата разделба, односно околу тоа кој ќе го наследи она што заедно сме го стекнале, ако подигнеме кредит и се разделиме, ќе биде регулирано враќањето на истиот, понатаму ако некој од нас се разболи, а нема родители, ќе биде регулирано тоа еден од партнерите да донесе одлука во врска со лечењето.
Во продолжение следат неколку листи, и првата се однесува на европските земји во кои е дозволено склучувањето на истополови бракови и дозволено е посвојување на деца од страна на истополови партнери:
– Шведска
– Данска
– Велика Британија
Листа на европски земји во кои се легализирани истополовите заедници:
– Австрија
– Унгарија
– Чешка
– Словенија
– Хрватска
Листа на земји кои го легализирале склучувањето на истополови бракови:
– Холандија
– Белгија
– Шпанија
– Португалија
– Норвешка
– Лихтенштајн
– Исланд
– САД (некои држави)
– Канада
– Уругвај
– Бразил
– Аргентина
– Јужноафриканска Република
– Австралија
– Франција
Извор: http://www.vestinet.rs