Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/load.php on line 643

Deprecated: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in /home/lgbti/public_html/old/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/editors/class-vc-frontend-editor.php on line 644

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/theme.php on line 1556

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-admin/includes/class-wp-importer.php on line 295

Deprecated: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in /home/lgbti/public_html/old/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-mapper.php on line 111

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/plugin.php on line 233

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Македонските лезбејки остануваат заробени и без скоро никаква заштита од дискриминација – LGBTI Macedonia

id="post-1332" class="post-1332 post type-post status-publish format-standard has-post-thumbnail category-lezbejki single-post-content has-thumbnail" itemscope="itemscope" itemtype="http://schema.org/Article">

Македонските лезбејки остануваат заробени и без скоро никаква заштита од дискриминација

Со Јована Аниниевска, активистка од ЛГБТИ Центарот за поддршка од Скопје, разговараме за ЛГБТИК правата во Македонија, за причините и последиците од нападите на Центарот, како и за тоа што досега е направено и што треба да се направи за безбедноста на ЛГБТИК луѓето во Македонија.

Јована ја запознав во Скопје кога бев во посета на ЛГБТИ Центарот за поддршка во мај оваа година. Си помислив “детево има 18 години и се занимава со активизам”! Останав вчудоневидена кога ми кажа дека има 26 години, дека има завршено право, дека за време на студиите живеела во Франција, а подоцна и во Мадрид на постдипломски студии, а по враќањето во Скопје почнала да работи во ЛГБТИ Центарот за поддршка. Од една страна, веднаш ме заинтересира нејзината приказна, ведрината и насмевката со која разговара, а од друга страна, сериозноста на аргументите кои ги произнесува. Јована ја сретнав неодамна на П2П конференцијата во Белград, каде што и се појави идејата за ова интервју. На конференцијата зборуваше за третманот на ЛГБТ темите во македонскиот медиумски простор и настојувањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка да добие свој простор и во него да организира настани со ЛГБТ содржини без оглед на очигледниот ризик, кој го потврдуваат недамнешните напади на просториите на Центарот, кои всушност се случуваат од самото отварање на Центарот.

1. Од каде желбата да се занимаваш со активизам после студиите во Шпанија, идејата да се вратиш на Балканот и во Македонија која на мапата на ИЛГА-Европа е претставена како нејнепогодна за ЛГБТИ правата? Кои ризици и одговорности ги носи тоа за тебе? Дали чувствуваш задоволство занимавајќи со со активизам?

Сестра ми беше таа која првично ме мотивираше да почнам со активизам. Пораснав со помала сестра која е слепа и се бори со системот од најрана возраст затоа што така мора. Уште во мојата осма година знаев дека нешто не функционира во општеството затоа што  забележав дека другите кон неа се однесуваат како да е помалку вредна. Живеев изгубена во предрасудите од околината додека сето тоа време таа се бранеше со силата на нејзиниот дух. Ми беше потребно доста време да сфатам дека луѓето не знаат доволно, дека се исплашени од промените  и дека на тој начин ја потврдуваат моменталната состојба на работите. Меѓутоа постојат и луѓе кои се борат и се трудат да направат промени. Една од нив е и мојата помала сестра која успеа да ги промени сите во нејзината околина и никој не успеа да ја обесхрабри. Така сфатив дека и јас морам така да се однесувам. Активизмот беше еден од начините. Кога малку созреав почнав да се интересирам за дискриминацијата и тоа оној вид дискриминација чија основа е хендикепот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Кога се вратив во Македонија после неколку години живот во други држави, сфатив дека хомофобијата останува непрепознаена како проблем иако е многу распространета.

Потиснувачката стратегија на политичките структури на власта да ги “заклучи плакарите” на се она што не потпаѓа под хетеронормативната идеја успеваше да создаде бес и поделба помеѓу “нормалниот, правилниот живот” и “различниот, изопачениот начин на живот”. Ваквата состојба на работите придонесе проблемите и притисокот кои ЛГБТИ луѓето ги имаат во секојдневниот живот да бидат огромни. Тогаш се приклучив на ЛГБТИ активистите.

Што се однесува на ризикот, не сум сигурна, но кога ќе почнете со активизам свесни сте дека тоа носи ризици затоа што вашата цел е промена. Особено кога некои промени не се безрезервно прифатени, борбата станува комплицирана. Стратегиите кои политичката структура ги спроведува со цел воспоставување на контрола, а притоа користејќи ги фрустрациите на невработените луѓе, лесно го манипулираат канализирањето на агресијата наспрема “предавниците на традиционалнот начин на живот”. Ова секако ги забавува промените но кога верувате во нешто, ништо не може да ве спречи да работите на промените кои се потребни.

Секако постојат многу одговорности затоа што се борите за цела заедница, а во неа има различни мислења и верувања за тоа како и каква промена е потребна. Меѓутоа чувствувате огромно задоволство кога ќе видите благодарност на нивните лица.

2. Колку е видлив лезбејскиот активизам во рамки на активностите на ЛГБТИ Центарот за поддршка? Дали во Македонија постои организација која се залага за лезбејските човекови права?

Во Центарот работиме преку групи за поддршка. Имаме основано четири групи со цел да ја зајакнеме заедницата и да ја промениме законската и општествената положба на ЛГБТИ луѓето во Македонија. Лезбејската група мометално е единствена која има активистичко јадро и не работи само на поддршка туку и на други фронтови. Целта на ЛезФем групата (лезбејско-феминистичката група) е да ја зголеми видливоста и политичката релевантност на лезбејскиот и феминистичкиот активизам за да се промовираат нови стратегии на отпор против доминантните идеолошки концепти на патријархатот, шовинизмот, хетеронормативноста, национализмот, клерикализмот.

Низ историјата жените секогаш биле невидливи во Македонија, а денес лезбејките се’ уште се група која е невидлива во јавноста но и во ЛГБТИК движењето. Имаше неколку обиди да се оформи лезбејско движење, но не се разви доволно за да се постигнат резултати. Во нашето општество каде што владините структури се трудат што повеќе да ја зголемат невидливоста на ЛГБТИК заедницата и да ги остават затворени во четири ѕида, лезбејките се веројатно најмалку важната група во јавноста. Со зголемената промоција на “традиционалните” вредности која има за цел да го отстрани секој што не се вклопува во воспоставените норми, лезбејките остануваат во група обележана како “неважна” и нивните проблеми остануваат нерешени. Стегите на шовинизмот кои се присутни во сите сегменти на општеството само ја зголемуваат стигмата на македонските лезбејки кои остануваат заробени без скоро никаква заштита од дискриминација. Ова се причините за неколку ентузијастки кои се идентификуваат како лезбејки, политички лезбејки и феминистки да делуваат преку отпор на овие тенденции, а со тоа и да се формира групата ЛезФем.

3. Што е направено до сега во Македонија од аспект на ЛГБТИК правата? Дали третманот на ЛГБТИК темите од страна на јавноста, медиумите и политичарите има доживеано некаков напредок?

Од една страна, ЛГБТИ организациите имаат направено многу во претходните десет години и постои одреден напредок во смисла на тоа дека ЛГБТИК темите не се веќе толку големо табу што беше случај порано. Одреден напредок може да се забележи во однос на видливоста и присутноста на овие теми во јавноста. За периодот пред тоа не можам да зборувам, затоа што пристапив на активизмот во Македонија пред само една година.

Меѓутоа кога работите се набљудуваат од перспектива на пошироката јавност, медиумите, политичките структури, ситуацијата стана покомплицирана кога ЛГБТИК темите почнаа да служат како средство со кое се свртува вниманието од останатите проблеми во нашата земја.

Не мислам дека ЛГБТИК тематиката сега добива подобар третман – напротив, мислам дека ситуацијата е полоша. Огромен проблем е тоа што политичарите ја користат ЛГБТИК заедницата за да го свртат вниманитето од други проблеми. Проблемите на ЛГБТИК заедницата намерно се сведуваат само на прашањето за брак. Започна отворена хомофобична политичка кампања која резултираше со згоемување на насилството додека институциите со својот нем однос даваат легитимитет на таквите инциденти.

Сите кој ги кршат правата на ЛГБТИК луѓето оддаваат впечаток дека нивните постапки се легитимни баш поради оваа хомофобична кампања. Постои лажен легитимитет во рамки на самите институции дека некои проблеми можат да се решат на основа на конзервативни ставови, а не професионално – се’ ова само заради тоа што се однесуваат на ЛГБТИК тематиката. 

Претходниот министер за труд и социјална политика имаше обичај постојано да ја потсетува јавноста за ставот на Владата во однос на ЛГБТИК правата, со акцент на тоа дека се против истополови бракови и посвојување на деца од страна на истополови партнери. Ова се прашања кои ЛГБТИК организациите никогаш не ги ни споменале. На овој начин се свртува вниманието од големите проблеми на нешто што во секој случај ќе предизвика емотивна реакција помеѓу мнозинството: “геј опасност и’ се заканува на традицијата”. Таквиот пристап го охрабрува говорот на омраза во медиумите и на социјалните мрежи.

Очигледна е синергијата помеѓу делувањето на државните институции и нивните лидери со религиозните институции и медиумите кои се во служба на власта. Ова преставува голем фронт кој пожртвувано работи на гушење и одземање на човековите права на ЛГБТИК луѓето. Изјавата на министерот беше проследена со петнаесет други изјави од страна на спортските асоцијации, синдикатот, пензионерите, организациите за женски права (кои се финансираат од Владата) итн. кои ја подржаа изјавата на министерот за традиционалните вредности и за тоа како хомосексуалните бракови се неприфатливи во Македонија. Целиот овој збир на случувања створи илузија дека постои битка за брак од наша страна и допринесе да се премолчи поголемото прашање: заштитата на основните човекови права на ЛГБТИК луѓето.

Поврзаноста на медиумите и Владата овозможува постојана промоција на хомофобични и трансфобични ставови. Дневникот “Вечер” беше особено активен во поддржувањето на хомофобичната кампања кога во периодот помеѓу 13. и 17. октомври печатеше на своите насловни страници статии и фотографии со дискриминирачки содржини со цел создавање и  јакнење на ирационален страв кон ЛГБТИК заедницата. Насловите на нивните статии беа следниве: “Сакаме внуци, а не педерлуци”, “Децата посвоени од истполови партнери се жртви на педофилија”, “Моми со кондоми”, и порнографска фотографија од двајца мажи со наслов “Нема да има геј бракови во Македонија”.

Мнозинството медиумски куќи пренесуваат само негативни резултати од истражувања кои се однесуваат на хомосексуалноста и без срам пишуваат и ги полнат страниците со омраза наспрема ЛГБТ луѓето. Резултатите се изнесуваат надвор од контекст или истражувањата се застарени, а со самото тоа не се ни прифатливи ни релевантни во модерно време. Само неколку медиуми укажуваат на очигледната хомофобија и стратегиите на напад врз ЛГБТИК луѓето од страна на Владата и тоа главно оние медиуми кои објавуваат само на интернет.

Најновите случувања покажуваат дека нетолеранцијата наспрема ЛГБТИК заедницата достигна ново, повисоко ниво и дека е се’ поопасна. Медиумите шират дезинформации – како онаа за наводно најавената геј парада – и така шират негативни стереотипи и предрасуди за ЛГБТИК луѓето. Некои од новите случаи на насилство вклучуваат: насилство мотивирано од омраза кое се случи пред споменикот “Воинот на коњ”, насилни акции на хулигани и демолирање на просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка и прекинување на филмска проекција за правата на трансродовите луѓе, напад на домот на актер додека тој и неговиот партнер биле во куќата, а неколку дена пред тоа се аутираше во јавноста дека е геј… Сите овие случувања укажуваат на тоа дека веќе тешката ситуација само се влошува и очигледни се се повеќе закани за животот и безбедноста на ЛГБТИК луѓето и активистите за човекови права.

Иако ова не е прв напад врз ЛГБТИ Центарот, ова е прв пат да се случи напад додека внатре има собрано луѓе поради најавен настан. Истовреме насилството се шири брзо и неконтролирано влијае на поединци за кои се претпоставува дека се припадници на ЛГБТИК заедницата, што е уште една причина поради која веруваме дека нетолеранцијата кон ЛГБТИК заедницата се зголемува.

Институциите истовремено остануваат неми и воопшто нема јавна осуда на насилството врз ЛГБТ луѓето и активистите за човекови права. Ова произведува впечаток дека таквото насилство е легитимно што директно ги загрозува животите на ЛГБТИК заедницата и активистите за човекови права.

4. Неодамна отварањето на Неделата на гордоста беше прекинато од група од 40-тина млади луѓе кои ги опколија и нападнаа припадниците/чките на ЛГБТИ Центарот за поддршка, како и самиот објект. Дали полицијата реагираше соодветно? Какво е вашето искуство и соработката со македонската полиција? Колку пати до сега е нападнат Центарот?

Кога започна Неделата на гордоста на 22 јуни и тоа неколку дена откако во медиумите се појави дезинформација за наводна геј парада, после кое веднаш беше најавен контра-протест, побаравме зголемено полициско обезбедување за настаните кои навистина ги планиравме. На самото отварање имаше 8 или 10 полициски службеници распоредени околу Центарот и кога се случи нападот само еден од нив реагираше. Тој полициски службеник беше во самиот Центар и беше повреден пред нападот.  Не знам што правеа другите, но знам дека не уапсија ниеден од четериесетмината маскирани млади луѓе кои трчаа и фрлаа сешто, а можеа и да влезат во Центарот додека се’ уште имаше луѓе внатре.

Ова досега е четврти напад на Центарот но прв дедека има луѓе во Центарот. После овој напад на Неделата на гордоста дојдоа и странски амбасадори и го осудија насилството кое се случува во последно време повикувајќи ги македонските институции во акција. Десет часа после објавувањето на изјавите имавме уште еден напад при што имаше обид да го запалат Центарот. Според ова, тоа би биле 5 напади во период од 8 месеци.

Имаме добра соработка со две полициски станици во врска со безбедносните потреби за обезбедување на одредени настани. Иако очекувавме подобра безбедносна стратегија од страна на полицијата, нападот не беше спречен и немаше апсења.

5. Во Србија постојат силни десничарски наци организации кои се одговорни за насилството на белградските улици за време на Парадата на гордоста. Кои се напаѓачите во Македонија, кого застапуваат и дали се организирани?

Не можам да погодувам кои биле напаѓачите и чии припадници се затоа што беа четериесетина маскирани луѓе. Истиот тој ден беше организиран и контра геј протест иако немаше парада на гордоста, ниту најавени маршови., така што не можам точно да кажам кои се чинителите на нападот, но мислам дека институциите се тие кои се одговорни затоа што упорно не го осудуваат насилството и водењето на отворена хомофобична кампања. Исто така и медиумите кои пишуваат погрешни информации и ги полнат весниците со хомофобични статии, сета таа количина на хомофобија без размислување на последиците, пасивноста на јавноста и секако тие што се спремни да ја искористат неоформената, исфрустрирана младина за вршење на нивните “валкани работи” охрабрувајќи го ширењето на агресијата и користење на истата како погонско гориво за разгорување на омразата наспрема одредена група на луѓе. Оваа група е претставена како предавничка затоа што не ги исполнува очекуваните претпоставени традиционални убедувања на хетеронормативноста што и понатаму имплицира дека таа група директно ја загрозyва “здравата нација”.

6.Колку е безбедно да се занимаваш со ЛГБТИК активизам во Македонија? Постојат ли некои видливи ЛГБТИК група надвор од Скопје?

Што е денес безбедно? Надвор од Скопје постојат одредени активистички јадра но не се видливи како оние во главниот град.

7. Кои се закони се во полза на ЛГБТИК луѓето во Македонија? Како се спротивставите на “новите” законски измени во врска со абортусот?

Мометнално постојат шест закони во кои се споменува сексуалната ориентација. Родовиот идентитет не се споменува во ниеден закон. Од споменатите шест еден е Закон за работни односи кој забранува дискриминација на основа на сексуална ориентација но во таа одредба се споменува уште еден термин – полова насоченост,кој сам по себе е дискриминаторски затоа што се однесува само на сексуалниот чин. Во законот за права на пациенти се споменува сексуална ориентација но во исто време не предвидува заштита од дискриминација. Најважниот закој кој би требало да претставува основен закон за заштита од дискриминација не споменува експлицитно ниту сексуална ориентација ниту родов идентитет но затоа вклучува 18 други основи. Овој список е оставен отворен но не претставува решение за проблемите бидејќи со присутното ниво на хомофобија и трансфобија во институциите остава простор за селективно толкување што резултира со несигурност и недоверба. Отсуството на јасно наведување на овие две основи претставува додатен проблем кога се гледа дека тие исто така отсуствуваат од националните стратегии и акциони планови кои наводно предвидуваат обуки на вработените во државните институции. Ова исто така наведува да заклучиме дека хомофобијата и трансфобијата не се ни земени предвид.

Кога е законот за абортус во прашање, тој не е забранет со новиот закон но неговото вршење е ограничено преку условувањето на жената со писмени барања, задолжително советување и слично. 72 организации го потпишаа барањето овој закон да не се донесува по скратена постапка затоа што е од големо значење за половина од населението. Сепак законот беше донесен по скратена постапка. Организациите јавно се изјаснија дека се против законот, отидоа во Собранието и јавно протестираа, пишуваа соопштенија до медиумите но законот сепак беше усвоен. Организациите испратија писмено барање до претседателот барајќи да не го ратификува законот но претседателот не ги послуша.

8. Кои се досегашните активности на ЛГБТИ Центарот за поддршка, што е во план?

Центарот обезбедува бесплатна правна помош, бесплатно психолошко советувалиште, работи со групи за поддршка, секоја недела организираме забавни содржини под името “LazySunday”. Во зависност од планираните активности на групите се организираат обуки, трибини, јавни дискусии, проекции на филмови…

Моментално се подготвува документацијата за стратешко застапување на судски случаи. Исто така Центарот го следи спроведувањето на законот за информирање кога е во прашање ЛГБТИК заедницата.

Постојат многу планови и развојот е се’ побрз, така што се надевам дека ќе бидеме во можност да ја оствариме секоја од планираните промени.

За оригиналниот текст кликнете тука.