Како главен оперативен директор во Фондацијата, со глобални фокуси, за мене е значајно сите наши вработени, партнери, поддржувачи и пријатели да живеат во свет кој ги почитува и заштитува нивните човекови права, без оглед на тоа кого сакаат.
Затоа неодамна се приклучив на кампањата ,,Слободни и Еднакви‘‘, која е предводена од Обединетите нации за кревање на свеста за хомофобијата и трансфобијата, насилството и за промовирање на почит кон правата на ЛГБТ луѓето.
Обединетите нации, под лидерство на Генералниот секретар Бан Ки-Мун, биле значаен предводник во однос на ЛГБТ прашањата, и неодамна ја имав можноста да се сретнам со Чарлс Радклиф, од канцеларијата на високиот комесар за човекови права на Обединетите нации за посуштински разговор околу ова. Исто така, ни се придружи и Том Малиновски, асистент-секретарот од Бирото за демократија, труд и човекови права, кој посочи на работата на американската Влада во однос на промоција на правата на ЛГБТ луѓето.
Обединетите нации преземаат значајни чекори кон адресирање на овие прашања, и тоа го вклучува следното:
– Кампањата ,,Слободни и еднакви‘‘ на Обединетите нации е едукативна кампања за еднаквост на ЛГБТ. Кампањата ангажира милиони луѓе во застапување на фер третман на ЛГБТ луѓето и нивните права. Кампањата користи креативни методи како ова ју тјуб видео за демонстрирање на универзалната вредност на љубовта;
– Развојната програма на ООН и американската Влада преземаа иницијатива наречена ,,Да се биде ЛГБТ во Азија‘‘ за запознавање со искуствата на ЛГБТ луѓето во Азија. ,,Да се биде ЛГБТ во Азија‘‘ поттикна вмрежување, споделување на знаења, и мобилизација на ЛГБТ заедницата низ цела Азија. Целта на иницијативата беше да се претстават прашањата поврзани со ЛГБТ, опфаќајќи ги и правата и здравјето од страна на креаторите на политиките, како и нивно поврзување со ЛГБТ граѓанското општество и проширување на здружувањето;
– Како што мојот колега Крис Ватли напиша, на почетокот од месецот, ОН неодамна објави дека ги прошири внатрешните кадровски политики во однос на признавањето на истополовите бракови, за паровите кои склучиле бракови во земји во кои тие се легални.
И покрај значењето на овие чекори, ниту една институција поединчено не може сама да ги оствари. Останува на сите нас заедно, да се бориме за правата на ЛГБТ луѓето. Независно дали тоа значи борба за правата на оние кои се виктимизирани од анти-ЛГБТ законите, како во Уганда, или за оние кои живеат во 80-те земји каде истополовите врски се криминализирани, и да освоиме долгорочни победи, така што УСА, ООН, граѓанското општество и бизнис заедницата ќе работат заедно. ООН Фондацијата ќе продолжи да работи со своите партнери за глобална поддршка на правата на ЛГБТ луѓето.
Ве повикувам да ни се придружите во кампањата ,,Еднакви и слободни‘‘ и да ги поддржите човековите права на сите луѓе.
Извор: http://unfoundationblog.org