Ко-издавач на DC Comics реагираше на оставките на двајца од писателите на стрипот Бетвоман поради лезбејската свадба на хероината која беше ’забранета’ и рече дека причината за оваа одлука е тоа што “хероите не треба да имаат среќен личен живот“.
Минатата недела, двајцата писатели на Бетвоман, Џ.Х.Вилијамс и В. Хајден Блекмен објавија дека ќе го напуштат својот издавач откако дознале дека лезбејскиот брак на хероината, првично објавен во февруари, бил “забранет“ да се користи во приказната.
Тие тврдат дека од нив било побарано да “ги променат или целосно отфрлат голем дел од долготрајните нитки на приказната, кои според нас го компромираат карактерот и серијата“.
На почетокот, DC Comics не кометираше за оваа ситуација, но сега, ко-издавачот Ден ДиДио одговори со цел да ги урне гласините дека откажувањето од приказната со венчавката е поради некаков став во врска со брачната еднаквост.
Зборувајќи на Comic-Con во Балтимор, ДиДио изјави: Хероите не би требало да имаат среќен личен живот. Тие се посветени да бидат тоа и посветени се на одбраната на другите и поради тоа ги жртвуваат своите лични интереси“.
“Тоа е нешто што е мошне значајно и нешто кое го спроведуваме. Личните животи на луѓето од фамилијата на Бетмен, во основа се катастрофални. Дик Грејсон, почивај во мир – уууупс, не требаше да го речам тоа – Брус Вејн, Тим Дрејк, Барбара Гордон и Кејти Кејн. Прекрасно е тоа што тие се обидуваат да воспостават некаков личен живот, но подеднакво значајно е тоа што тој личен живот треба да биде ставен настрана. Тоа е нашиот мандат, на тоа сме посветени и тоа е нашиот став“.
Бетвоман првично беше претставена како лезбејка во стрипот на DC Comics од 2006 година, во новиот наслов кој имаше за цел попрецизно да го рефлектира модерното општество отколку што тоа го правеа преходните стрипови.
Откако Викијамс и Блекмор дадоа оставки, DC Comics го најми Марк Андрејко, писател кој е отворено геј и кој ќе го преземе пишувањето на стрипот од неговото издание на 25 Декември.
Во февруари, изгледаше дека DC Comics ја пишува историјата кога Кејти Кејн (Бетвоман) ја побара за сопруга својата девојка Меги Соер. Ова се случи во екот на контроверзијата која ја опкружуваше одлуката на издавачот да ангажира писател со анти-геј ставови за еден друг наслов на DC Comics.
DC Comics реагираше на критиките и повиците за бојкот откако го ангажираше писателот со анти-геј ставови да работи на првото издание на новиот дигитален стрип за Супермен кој треба да биде објавен оваа година.
Нортстар, првиот отворено геј херој на Марвел, скокна во тавчето со своето момче Кајл Џинаду во еден минатогодишен број на ’Неверојатните Х-луѓе’, а неодамна, креаторите на ’Судијата Дред’ изјавија дека и тој можеби е геј.
Извор: PINKNEWS