Интернационалниот комитет на Олимписките игри го одобри предлогот 14 на агендата за организирање на Олимписките игри во 2020 година, така што ќе бидат вклучени недискриминаторски правила по основ на сексуална ориентација во Принципот 6, како предлог кој беше ставен на гласање во Монако, на 8ми декември.
Принципот 6 оригинално гласи: ,,Било која форма на дискриминација кон држава или индивидуа врз основ на раса, религија, политичко убедување, род и друго е несоодветно на припаѓањето на Олимписките игри.‘‘
Со вклучувањето на сексуалната ориентација, се инклинира кон тоа државите кои се вклучени во Олимписките игри, но имаат национални законодавства кои се директно дискриминаторски кон ЛГБТ луѓето, да не може да аплицираат за домаќин на Олимписките игри. Исто, треба да се нотира дека Интернационалниот Комитет досега не појасни околу тоа дали правилата ќе се однесуваат и на слични идни обиди.
Веројатно сето тоа е исход, откако некои луѓе беа уапсени во Сочи, за време на одржувањето на зимските Олимписки игри оваа година, во сенка на руските закони кои се однесуваат на ,,геј пропагандата‘‘.
,,Денес се прави голем чекор во рамки на одржувањето на Олимписките игри, особено за учесниците и спортистите кои се претставници на земјите (домаќини), а кои се идентификуваат како геј, лезбејки, бисексуалци‘‘ вели Шоан Гејлорд.
,,Нашата надеж е дека потенцијалните земји-домаќини како Казахстан и Кина, ќе ја разберат заштитата на правата на сексуалните малцинства, и дека таквата заштита не е нешто околу што тие ќе може да го одбегнат‘‘ – продолжува Гејлорд. ,,Апелираме до Интернационалниот комитет да продолжат со обидите околу поддршката на еднаквоста, така што и родовиот идентитет ќе биде опфатен со Принципот 6‘‘.
,,И со тоа се испраќа јасна порака до следните градови домаќини – дека нарушувањето на човековите права, мислејќи и на нарушувањето на човековите права на лезбејките, геј и бисексуалците нема да биде толерирано‘‘ вели Андре Банкс, извршниот директор на ‘‘All Out‘‘.
,,Овие нови правила мора да се насочат кон превенирање на она што се случи во Сочи‘‘.
Летните Олимписки игри ќе се одржат во Рио Де Женеиро во 2016 година, Бразил, и во 202 година во Токио, Јапонија. Додека зимските Олимписки игри ќе се одржат во 2018 година во Пјонгјанг, Северна Кореа.
А за одржувањето на следните Олимписки игри во 2022 година, единствените кандидати кои се пријавени се Алмати, Казахстан и Беиџинг, Кина.
Извор: www.gaystarnews.com