Ѕвездата од YouTube, Р. Џ. Агиар, ја обзнани својата бисексуалност, и со оглед на познатиот факт за неговата љубовна врска со Вил Шеперд ја отвори дебатата за ,,бифобијата‘‘ во рамки на ЛГБТ заедницата. Онлајн видливоста на овој пар, дополнително, доведе до преиспитување на сексуалната ориентација на Агиар преку коментари кои посочуваа на ,,(не)валидноста‘‘ на таквата ориентација.
На таквите ставови, кои го ограничуваат изборот на Агиар, и прејудицираат за неговата сексуална ориентација како единствено хомосексуална, тој смета дека тоа е нечесно, и особено комплицирано во однос на неговото семејство. Токму, со претставувањето на Шеперд како партнер, Агиар ја соопштил својата бисексуалност пред своето семејство.
,,Вистински, никогаш и пред никого, порано, не се изјаснував како би‘‘ вели Агиар, ,,Едноставно, им го претставив Вил на сите мои пријатели и оставив тие да проценат и донесат свои заклучоци. Ова воопшо не беше проблематично, се‘ до моментот кога некои од гледачите (на YouTube) започнаа со прашања околу мојата сексуалност и личниот “coming out” како патување за кое сакав да зборувам онлајн‘‘.
На почетокот, Агиар, се обидувал да учествува во дискусијата со коментаторите.
,,Кратко потоа, разбрав дека тоа не треба да биде дискусија, затоа што може да се толкува како покана од моја страна до публиката за достигнување консензус околу мојот сексуален идентитет‘‘ вели Агиар. ,,Така, конечно, одлучив да направам видео преку кое го искажувам сопствениот суштински став дека тоа не е прашање за дебата. Ова е тоа што сум.‘‘
Во однос на видеото и целта на истото, Агиар изјавува ,,Се надевам дека со ова видео некои луѓе ќе бидат поучени за различните аспекти на бисексуалноста, како и дека ќе бидат наклонети кон таквото разбирање за сопствениот идентитет.‘‘ Понатаму тој продолжува во изјавите за The Advocate – ,,Како што кажав и во видеото – не е ваша работа да се објаснувате пред луѓето, туку вашата работа е да го правите тоа што ве прави среќни. И ако тоа подразбира идентификување како геј, би, пан или асексуален или нешто друго, тогаш единствено тоа е значајно.‘‘
Агиар се спротивставува на тие што намеруваат да бидат ,,полиција‘‘ за сексуалноста на Другите и цени дека е бизарно да се настапува со ставот ,,Ти не знаеш кој си, остави на тоа јас да ти кажам кој си‘‘.
Подолу може да го погледнете видеото на Агиар:
Извор: http://www.advocate.com