No Hate Speech форумот кој се одржа во Габала беше проследен со дебатата околу отвореноста на настанот во врска со конкретна група на потенцијални учесници, и таквите прашања беа упатени директно до организаторите на конференцијата во Азербеџан.
Одговорите од страна на Националното собрание на младински оргазаниции од Република Азербеџан (National Assembly of Youth Organizations of the Republic of Azerbaijan – NAYORA), претставени од S. S. беа дека оние учесници кои биле вклучени на национално ниво биле селектирани откако бил објавен ,,отворен повик за учесници‘‘, креиран од Советот на Европа (CE) – спонзор на форумот.
Откако дел од учесниците пристигнаа во Габала, до NAYORA пристигнале и електронски пораки околу начинот на избор на учесници кои ќе го претстават цивилното општество со своите различни сегменти. Во тој правец, електронската порака испратена од еден од учесниците на конференцијата гласеше ,,На кој начин граѓанските организации и малцинствата/ранливите групи изложени на говор на омраза се претставени на Форумот, и како е обезбедена нивна застапеност и претставеност?‘‘
Во текот на неколкудневната конференција овие прашања биле продлабочени и повторно поттикнати (Албанија и Полска), и конечно се констатирало дека на национално ниво е одобрено само учеството на членови на NAYORA како чадор-организација на регистрирани младински организации.
Директното откривање на тенденцијата во изборот на учесници се случило преку твитовите на оние кои го пријавиле своето учество, но или не добиле повратен одговор или биле одбиени. Таков е случајот со G. A. чиј твит гласеше ,,Не бев избрана на #nohateforum во Габала. NAYORA ги блокираше ЛГБТК во јавното говорење. Љубопитна сум кои се претставниците на Азербеџан. #whatashame.”
И покрај тоа што официјалната реакција беше отфрлање на таквите наводи, беше наведено дека G. A. не е дел од ниту една национално-регистрирана младинска организација. На оваа реакција, G. A. одговори дека такви критериуми за избор не биле наведени во повикот, и дополнува дека е невозможно регистрањето на ЛГБТ организација во Министерството за правда во Азербеџан.
Имајќи ги предвид исказите на G. A. и невозможноста од институционално фигурирање на ЛГБТ заедницата во Азебеџан или отпорот на Министерството за правда кон ЛГБТ организациите, се согледува јасна тенденција на Владата на Азербеџан при исклучувањето и селективниот пристап. Во моментот Владата на Азербеџан претседава со Советот на Европа, и затоа No Hate Speech форумот беше целосно покриен од страна на Владата на Азербеџан и се одржа во Габала. И покрај тоа што од организаторите во Азербеџан беше потенцирано дека работат на подобрување на општествените позиции на ЛГБТ заедницата наспроти религиозните влијанија, треба да се има предвид капацитетот на NAYORA и искуството со организирање настани од таков тип. Впрочем, организирањето на овој форум претставува обид за отворање на азербеџанското општество кон различности и разбирање на другоста.