Бенедиктанската калуѓерка Тереза Форкадес е позната по нејзиниот социјален активизам, односно критиката на фармацевтската индустрија, феминизмот, поддршка на правото на абортус, заговарање на независност на Каталонија како и низа други ставови кои се опонирачки на црковните ставови.
Во неодамнешно интервју за Index таа зборуваше за различни теми поврзани со општествените промени, црквата во Хрватска, капитализмот, односот кон хомосексуалците…
За нејзиниот престој во Хрватска изјавува дека била дојдена со една порака, но отакако се запознала со позициите на Католичката црква во Хрватска, сега има две пораки: ,,Дојдов со политичка порака за тоа дека е време за промени и дека тие промени нема да дојдат од врвот. Промените нема да ги дочекаме со нови лидери и политичари. Време е да разбереме дека да се живее заедно не е едноставно, и дека да се живее во правда е уште помалку едноставно. Но сепак, тоа е возможно и на човекот треба да му се врати достоинството, а за тоа – вреди да се бориме, вреди да се обидуваме. Верувам дека капитализмот се приближува кон својот крај, затоа што мнозинството не е задоволно од своите социјални околности’’ вели Форкадес.
Да се искорени сексизмот од црквата
Исто така, таа смета дека и’ е потребна револуција на црквата, и не очекува истата да произлезе од врвот, односно не очекува револуцијата да биде покрената од папата Фрањо. ,,Црквата е патријархално организирана единица која проповеда што е добро и зло, но тврди дека доколку сте жена не смеете да правите одредени работи. Тоа ниту го сакаме, ниту се согласуваме. Не сакам да бидам жена која не смее да прави нешто, само затоа што е жена. Потребна ни е заедница во која ќе правиме нешта само затоа што се добри. Потребно е да се искорени сексизмот од црквата’’ дополнува Форкадес.
Во однос на хомосексуалноста како најголем ,,жежок компир’’ за современите влијанија на црквата, Форкадес има јасен став. ,,Ги поддржувам хомосексуалците и сметам дека таквата љубов е истоветна со онаа на хетеросексуалците. Ако говориме за насилна љубов, истата не ми се допаѓа дури и кога е хетеросексуална, а не ми се допаѓа и кога е хомосексуална. Ако љубовта е чиста, ми се допаѓа, независно од тоа дали е хетеросексуална или хомосексуална. Мислам дека тоа му се допаѓа и на Бог’’ коментира Форкадес, повикувајќи се на Библијата.
,,Во Библијата постојат делови каде што сто се тврди дека хомосексуалноста е нешто расипано. Но во Библијата, исто така, пишува дека тие што се болни од куга треба да се каменуваат, а тоа денес не се прави. Исто така, таму пишува дека жените не треба да му се приближуваат на олтарот додека имаат менструација, затоа што се нечисти. Бибилијата понудува можност за избор, а ние имаме одговорност да донесеме одлуки. Кога зборуваме за љубовта, потребно е да се вреднува квалитетот на таквата љубов’’.
Истополов пар може совршено да одгледа нормално и здраво дете
На прашањето за минатогодишниот референдум за бракот и дали смета дека истиот опфаќаше кршење на човековите права и слободи, Тереза Форкадес вели дека познава многу геј активисти според кои бракот е премногу конзервативен.
,,Навикнавне на тоа геј луѓето да ги прошируваат своите погледи и дејства и дека не сакаат да отстапат од тоа. Тоа го почитувам. Повторно се враќаме на сакраментот и на оббрзувањето на две личности кои ќе бидат тука една за друга. Подготвени јавно да се обврзат на верност до крајот на животот. Тоа е клучен елемент на бракот и како таков – моќен е. Повеќето хетеросексуални парови може да имаат деца, а хомосексуалните парови често се лишени од таквата можност и тоа не ми се допаѓа. Тоа јасно го кажувам. Сметам дека децата навистина се дар, и не гледам ништо природно во тоа детето никогаш да не дознае кој му е татко. Но исто така, немам никакви проблеми со посвојувањето на деца. Сметам дека истополови парови може совршено да одгледат нормално и здраво дете. Имам пример за тоа. Во средниот век, во конаците на манастирите се одгледувале деца. И конаците се истолови заедници’’ заклучува Тереза Форкадес.
За крај, таа порачува дека сите имаат сила за промена, затоа што ,,силата е во нас, во луѓето кои се на дното’’. Како пример ги наведува верниците во Шпанија, со кои често разговара за тоа.
,,Често им го зборувам ова на верниците во Шпанија – ако сакаме жена како поглавар на црквата, тоа може да го добиеме во рок од 24 часа. Бишопот може да биде проблем, но луѓето имаат моќ и тоа мора да го разберат. Ако не ви се допаѓа бишопот, не одете во црква или пак, смогнете сили, подигнете се и кажете нешто во врска со тоа’’ порачува Форкадес.
Извор: http://www.crol.hr