Неколку невладини турски организации кои работат во областа на човековите права на ЛГБТИ луѓето – Kaos GL, Pink Life, and Black Pink Triangle Izmir – неодамна започнаа кампања за воведување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во драфт-верзијата на законската рамка за недискриминација.
Во предлогот за анти-дискриминациската легислатива во Турција, во 2009 година, третиот член насловен како Принципи на еднаквост, забрана за дискриминација и основи на дискриминација која е забранета, беше наведена листа на основи помеѓу кои и род, раса, јазик, религија, етничко потекло, сексуален идентитет, филозофски и политички убедувања, социјален статус како и други основи. Но последната верзија од анти-дискриминациската легислатива во Турција, како што беше најавено на веб страната на Министерството за внатрешни работи, основите ,,сексуален идентитет‘‘ и ,,етничко потекло‘‘ се исклучени од листата на основи на дискриминација.
Понатаму, процесот доби позитивна нота, откако некои организации кои се занимаваат со човековите права стапија во комуникација со министерот. Така, Министерот за внатрешни работи ја продолжи работата на ова поле, земајќи ја предвид драфт-верзијата подготвена од Human Rights Joint Platform (IHOP), и во соработка со Универзитетот Bilgi во Истанбул, како и со групата за малцински права.
Фразата ,,сексуална ориентација и родов идентитет‘‘ беше исклучена од уставниот член кој се однесува на еднаквоста и забраната на дискриминација, и покрај инсистирачките барања од страна на Републиканската народна партија и Демократската народна партија за време на дебатата која се однесуваше на уставните одредби.
Ниту една од активностите во врска со ова, од 2010 година не била усвоена. Драфт-верзијата на законската анти-дискриминациска рамка уште еднаш се најде на владината агенда на почетокот на ноември оваа година (2014), на предлог на Министерството за внатрешни работи во комуникација со Групата за набљудување на реформите.
Во својата кампања, погоре наведените организации (Kaos GL, Pink Life, and Black Pink Triangle Izmir) бараат во драфт-верзијата да се вклучат и сексуалната ориенатација и родовиот идентитет во делот на Принципи на еднаквост, забрана за дискриминација и основи на дискриминација која е забранета, рефлектирајќи ги потребите на граѓанското општество од таквото законско решение