Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/load.php on line 643

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/theme.php on line 1556

Deprecated: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in /home/lgbti/public_html/old/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-mapper.php on line 111

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/plugin.php on line 233

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Којичиќ: Во Црна Гора никој нема да живее во страв! – LGBTI Macedonia

id="post-1478" class="post-1478 post type-post status-publish format-standard has-post-thumbnail category-ostanato single-post-content has-thumbnail" itemscope="itemscope" itemtype="http://schema.org/Article">

Којичиќ: Во Црна Гора никој нема да живее во страв!

На 20 декември 2014 година, во ЛГБТИ Центарот за поддршка се одржа дискусијата „Мед и крв во 21 век: балканските искуства со говор на омраза и дела од омраза, и слободата на говор‘‘, на која се обратија Воислав Стојановски и Јасмина Голубовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, исто така и Јован Којичиќ од кабинетот на Првиот министер на Црна Гора, а дискусијата ја модерираше Павле Богоевски од ЛГБТИ Центарот за поддршка.

При отворањето на истата, беше наведено дека изборот на темата на дискусијата е исцрпен од современите европски тенденции за справување со говорот на омраза и делата од омраза во легислативна, општествена и културолошка смисла. Имено, беше истакната застапеноста и специфичноста на овие два институти во балканскиот контекст, и понатаму потребата од сериозна регулација и санкција.     

Јован Којичиќ, советник за човекови права и забрана на дискриминација во кабинетот на Првиот министер на Црна Гора, ја започна дискусијата со неколку потсетувања околу линиите на борба кои го имаат ЛГБТ движењето. Имено, Којичиќ напомена дека постои 1)линија на правата и тоа најчесто е поврзано со заштитата од дискриминација (потребата за експлицитно наведување на сексуалната ориентација и/или родовиот идентитет како основи на дискриминација); 2) социолошка линија која ги сублимира сите социо-културни и општествено-политички предизвици за ЛГБТ движењето низ целиот свет.  

Којичиќ, во тој правец, истакна дека посериозен проблем во борбата на ЛГБТ движењето, всушност, е социолошката компонента. И тоа го поврза со Титова Југославија, каде што постоеле правни механизми (имплицитно во однос на заштитата на ЛГБТ луѓето), но тие не ја обезбедувале потребната предвидливост за остварувањето на човековите права и слободи на ЛГБТ луѓето. Во таа смисла, Којичиќ укажа на опасноста од формалната контрола (преку легислатива/егзекутива), односно опасноста од неформалната контрола која најчесто се манифестира преку создавањето на предрасудите, стереотипите, стигмата кон одредени општествени групи и припадници на нив, при што на насилнички начин се наметнуваат поведенија кои се (не)прифатливи.             

Токму во тој правец, Којичиќ истакна дека постои нешто што се нарекува ,,сексуална структурална стигма‘‘ (етикета+стереотип+моќ). И токму овој феномен има исклучително поместување во рамки на балканскиот контекст, дотоклку што процесот на транзиција во земјите на Балканот го истакна таквото поместување.

Која е функцијата на таквата ,,сексуална структурална стигма‘‘?  
Според Којичиќ, функцијата што ја има хомофобијата во балканските земји, се однесува на втемелувањето на патријархалноста (која се одразува и на политичките состојби), односно градење на традиционални вредности кои имаат исклучива врска со семејството и семејните вредности, односно со хетеронормативноста. Оттука, поттикнувањето на моделот, многу често од страна на владеачките структури, на хетеросексуален маж кој е татко и сопруг е овозможено токму преку хомофобијата – наметната како општествена норма. Дополнително, оние кои владеат и дејствуваат низ центрите на моќ имаат потреба да ја бранат својата машкост, односно да ја покажат истата преку нивната улога во семејството и општеството, така што хомофобијата ја согледуваат како најсоодветен инструмент за таквата ,,само-одбрана‘‘.          

Којичиќ цени дека постојат три ефекти од погоре изложените констатации, и тоа:   
1) Во голем дел, населението не го менува лесно начинот на живот, односно разбирањето на се‘ она што не се поклопува со начинот на живот на мнозинството може да биде разберено единствено низ предрасуди и стереотипи;   
2) Подготвеноста или неподготвеноста на државата да се воспостави механизми на регулација, односно да ги постигне стандардите на регулација во однос на човековите права на ЛГБТ луѓето;           
3) Позициите во општествена и политичка смисла на ЛГБТ заедницата, односно организираноста и видливоста на ЛГБТ движењето.        

На дискусијата, свое обраќање имаше и Воислав Стојановски од Хелсиншлиот комитет за човекови права на РМ и тој особено се задржа на делата од омраза и македонскиот контекст. Стојановски укажа на работата на Комитет, во областа на делата од омраза, и тоа дека проблемот со хомофобијата во Македонија низ таквата работа се третира од кривично-правен аспект, односно се реагира на официјалните мерки, превентивата и казнувањето на сторителите. Сето тоа, всушност, е делумно овозможено преку функционирањето на платформата zlostorstvaodomraza.com, каде што беа забележани 192 инциденти за 20тина месеци, од кои повеќето се верифицирани. Значајно да се напомене е дека пред водењето на статистика од страна на Комитетот за делата од омраза, одговорите на судовите и јавните обвинителства за делата од омраза се: дека имало само 14 такви случаи во рок од 3 години, односно со тоа се упатува на недостатокот на институционална свест, како и на трендот на неказнување на сторителите на такви дела.                         
Што се однесува до делата од омраза кон ЛГБТ луѓето, минатата година беа забележани осум дела, а оваа година само едно. Но според Стојановски, тоа не се должи на намаленото ниво на таквите дела, туку претставува резултат на јавниот прогон на лицата со поинаква сексуална ориентација, најчесто организиран низ говорот на омраза од страна на јавни личности кои се поддржани од владеачката структура (Комитетот има поднесено околу 15 кривични пријави за говор на омраза).  
Посочувајќи дека проблемот е кај Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, Стојановски заклучува дека не постојат егзекутивни и легислативни начини за заштита од делата од омраза кон ЛГБТ луѓето, и заради тоа треба сите напори да се насочат кон создавање позитивна судска пракса и преседани. Оттука, Стојановски цени дека таков преседан може да се направи со случајот на напад врз Кочо Андоновски и постапката која се води за кршење на членовите од КЗ кои се однесуваат на загрозување на еднаквоста на граѓаните и смеќавање на јавен собир.  

Конечно, Стојановски потсети дека сексуалната ориентација беше опфатена како основ и заштитена (помеѓу остнатите 18 основи), но тоа се промени во 2008 година, како што се променија и многу други нешта.        

Јасмина Голубовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, го опфати делот со говор на омраза, задржувајќи се на таквиот говор кон македонската ЛГБТИ заедницата. Голубовска истакна дека сексуалната ориентација може да се забележи во секоја пријава, затоа што независно од контекстот кој може првично да се однесува на омраза по основ на етничка припадност, сепак во тие случаи не е исклучен и говорот на омраза кон ЛГБТ луѓето, односно хомофобијата и трансфобијата.
Затоа, многу е тешко искоренувањето на говорот на омраза, особено во отсуство на институции кои ефективно ќе го регулираат и санкционираат таквиот говор, односно имплицитно ќе учествуваат во оркестираниот напад на ЛГБТ заедницата во македонското општество.    

Според Голубовска, поразително е тоа што повеќето млади во Македонија, независно од нивната етничка припадност и/или националност, најчесто имаат единствен став изразен низ омразата кон сексуалните малцинства. И тоа е јасно забележливо низ коментарите на социјалните мрежи, каде што најчесто се бранат семејните вредности и традицијата (како дел од исламската и христијанската релгија). Оттука, омразата по основ на етничка припадност (според статистиките на Комитетот) е најзастапена во македонското општество, додека омразата по основ на сексуална ориентација е втора по ред. И тоа е индикативно, особено со оглед на поклопувањето на мапите (од платформите govornaomraza.mk и zlostorstvaodomraza.com) и указот за тоа дека постојат извесни трендови на говор на омраза и дела од омраза во некои градови.

Голубовска, на крај, заклучи дека примерот со нападот во ,,Дамар‘‘ е најдобар за упатување на опасноста од говор на омраза и повици на насилство, бидејќи исходот често може да биде сторувањето дело од омраза.        

Крајот на дискусијата беше проследен со црногорските искуства кои ги сподели Којичиќ. Имено, во Црна Гора постои Совет за дискриминација во кој се вклучени ресорните министри, и ова тело се занимава со забраната и заштитата од дискриминација, при што го третира и говорот на омраза. Така, имало случаи кога говорот на омраза бил користен од страна на службеници во јавната администрација, при што во овие случаи службениците биле казнети (директор на затвор заради користење говор на омраза на фејсбук добил дисциплинска казна). Со тоа, вели Којичиќ, се упатуваат официјални пораки до јавноста дека никој не треба да живее во страв во Црна Гора, односно дека постои формална контрола на говорот кој може да предизвика насилство.    

Политичката волја за справување со говорот на омраза и делата од омраза во Црна Гора, особено се согледува низ организирањето на следниот IDAHO министерски собир кој ќе се одржи во државата, а ќе биде посветен на развивање програми и модели за препознавање и третирање на делата од омраза, односно подготвување на унифицирани програми кои ќе бидат применливи на европско ниво.