“Front Line Defenders” во партнерство со бразилските невладини организации “Justiça Global” и “Terra de Direitos” иницираа онлајн кампања за социјалните медиуми со цел обрнување на вниманието на состојбата со 42-те нации кои се вклучени во Светското првенство и бранителите на човековите права кои доаѓаат од тие земји.
Кампањата за Светското првенство е последна во серијата на кампањи кои се одржаа во врска со интернационалните мега-спортски настани (Олимписките игри во Сочи, Олимписките игри во Лондон, Еуро 2012). Но за прв пат, оваа кампања се одржува на две платформи – едната е локална и се однесува само на Бразил, а другата е интернационална.
Бразилскиот дел од кампањата вклучува 11 бранители на човековите права од Бразил, кои се во ризик, низ целата земја. Секој од нив кој се приклучи на кампањата, присуствуваше на настанот во вторникот (10ти јуни) во Сао Паоло, и тоа беше првиот настан од серијата кампањски настани кои ќе се одржат низ целата земја.
Во започнувањето на кампањата во Бразил, водачот на Гуарани домородната заедница – Ладио Верон ја потенцираше значајноста: ,,Оваа кампања се случува во вистинско време. Се надевам дека ќе биде проследена во целиот Бразил. Ние гледаме што се случува во целата земја. Тоа што ни е потребно е видливоста и огласувањето на нашите приказни. Ќе бидеме способни да се соочиме со предизвиците само ако бидеме заедно.‘‘
Интернационалната кампања започнува денес, пред одржувањето на првиот натпревар од Светското првенство помеѓу Бразил и Хрватска, со настан на “Front Line Defenders” во Даблин на “The Long Stone”.
Со глобалното внимание насочено кон ,,прекрасната игра‘‘, насловите во Бразил, исто така, сугерираат и на потребната грижа која се однесува на состојбите со човековите права. Дополнително, наспроти активностите околу бразилските стадиони се истакна поголемата значајност на бранителите на човековите права од вклучените нации и сериозниот ризик и закани со кои се соочуваат во секојдневната работа.
,,“Front Line Defenders” го одвлекува вниманието кон овие херои во нашите општества кои работат со голем личен ризик, наспроти привидните и нерешливи обиди да се обезбедат фундаменталните права и слободи за сите‘‘ изјави Мери Лоулор, извршен директор на “Front Line Defenders”. ,,Само фракција од глобалното внимание посветено на фудбалот да се пренасочи кон обезбедувањето на човековите права, сите ние би славеле победа.‘‘ дополнува Лоулор.
,,Тимската работа и силната поддршка е основата за успех на Светското првенство – Front Line Defenders, и нашите партнери во Бразил имаат намера да ја прoмовираат таквата поддршката за нашите тимови на бранители на човековите права низ целиот свет‘‘ објаснува Адам Шапиро, водач на кампањата. ,,Веб страната на кампањата обезбедува простор за посетителите каде што ќе може да бидат испратени пораки за солидарност, и кои ќе бидат насочени до бранителите на човековите права – преку таквото изразување ќе се промовира потребното охрабрување за оние кои се соочуваат со голем ризик на дневна база.‘‘
“Front Line Defenders” работат повеќе од една деценија nа промовирањето практична и брза поддршка за човековите права на бранителите во ризик, вклучувајќи ја и ургентната поддршка, грантови, тренинзи за психичка и дигитална сигурност, меѓународно застапување и кампања.
Извор: http://www.sportshrd.org/