Пристап до сите области! Признавањето ги отвора вратите.Transgender Europe лансира кампања низ цела Европа
На 10ти февруари, TGEU ја лансираше кампањата Пристап до сите области! Признавањето ги отвора вратите барајќи од носителите на одлуки и Европските општества да ги признаат сериозните прекршувања на човековите права со кои се соочуваат транс луѓето во нивното секојдневние. Многу транс луѓе се исклучени од општеството и ги немаат основните права затоа што промената на името и назначениот пол е од проблематично до невозможно. Најобичните нешта како подигнување пошта, отворање сметка во банка или аплицирање за работно место можат да бидат извор на многу проблеми доколку вашиот родов идентитет не е во склад со ознаката за полот на вашата лична карта.
Брзи, транспарентни, пристапни процедури
„Транс луѓето имаат право на пристап до сите области на општеството, и имаме право на брзи, транспарентни и пристапни процедури за признавање на родот“ – изјави Извршната Директорка на TGEU, Јулија Ерт: „Државите во Европа и натаму ги прекршуваат човековите права со тоа што се придржуваат кон нехумани практики. Без лични документи кои одговараат на нивниот родов идентитет, на транс луѓето им е оневозможено да живеат со достоинство и почит.“
73% од транс луѓето во Европската Унија велат дека олеснетите процедури за признавање на родот би им помогнале да живеат подобар живот (Агенција за фундаментални права на ЕУ, 2012). Во 1992, Европскиот Суд за човекови права пресуди дека ако не се признае правно родовиот идентитет на лицето, тоа е повреда на човековите права. Во 2010, сите земји-членки повикаа на брзи, транспарентни и пристапни процедури за признавање на родот во Препораките на Советот на Европа кои се однесуваат на ЛГБТ луѓето. Сепак, денеска 23 европски земји се’ уште бараат присилна стерилизација, а 19 земји бараат лицето да се разведе пред да биде правно признаен родот. Општо гледано, промената на документите не е возможна без дијагноза на менталното здравје, или пак за малолетни лица.
Кампањатапоттикнува промени и напредок кон брзи, транспарентни и пристапни законски регулирани процедури за потврдување на родот“ објаснува Ричард Келер, одговорен за политиките во TGEU: „Алатките на кампањата се дизајнирани да го олеснат застапувањето за признавањето на родот. Постерите привлекуваат внимание кон пропустите во сегашните процедури на игрив начин, но ја покажуваат и сериозноста која ја имаат во животите на многу луѓе. Цел куп материјали даваат солидно знаење за проблемите со признавањето на родот, наменети за луѓето во кампањата и заинтересираната јавност.“
2014 е одлучувачка година за правата на транс луѓето
„2014 е одлучувачка година, во која има 8 национални изборни процеси, како и избори во ЕУ. Овие идни одлучувачи ќе имаат моќ да прават притисок за подобри закони и процедури. Треба да научат повеќе за сегашните проблеми, но и да бидат повикани на одговорност ако не успеат да најдат решение за оваа лоша ситуација“ – додава Келер.
Локални адаптации на материјалите се возможни и добредојдени.
Погледнете ја кампањата на www.tgeu.org/AccessAllAreas