Точно една година од отворањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка, после креираната застрашувачка хомофобична атмосфера и петте напади, продолжуваме по нашиот пат и кон целта која од почеток ја зацртавме: еднаквост за сите луѓе во Република Македонија.
Во пресрет на повторното отворање на Центарот во Старата скопска чаршија и одржувањето на петтиот по ред Марш на Толеранција, ЛГБТИ Центарот за поддршка и Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија (МХЦ), со поддршка од Front Line Defenders (ФЛД)ја изработија радио кампањата „Македонија има љубов за сите“, која пред с? е фокусирана на осуда на насилството и давање поддршка на ЛГБТИ луѓето.
Најважно од с? е тоа што во овој процес на заживување на ЛГБТИ заедницата и продолжување на борбата за еднаквост, ЛГБТИ заедницата не се уплаши и не потклекна пред котинуираните напади, туку напротив, во поголем број, многу посилна и со гордост излегува јавно да ги бара своите права. Сакаме да се заблагодариме на сите ЛГБТИ луѓе кои со гордост и отворено застанаа во одбрана на своите права и учествуваат во оваа кампања, нивните родители како и на сите јавни личности кои солидарно се појавуваат во оваа кампања, бранејќи ја еднаквоста, слободата и достоинството.
Во однос на подготовката и лансирањето на оваа кампања ФЛД даде изјава : Горди сме да ја поддржиме оваа радио кампања за поддршка на бранителите на ЛГБТИ правата во Македонија. Насилството и дискриминацијата врз ЛГБТИ заедницата и таргетирањето на оние кои работат за подобрување на човековите права е нешто за кое нема простор во било кое општество денес. Употребувајќи го радиото за да допре до поголем број слушатели, оваа кампања може да помогне во промената на јавниот дискурс и да ги притисне властите да го превенираат насилството и да оние кои ги извршиле насилничките дејства бидат повикани на одговорност.
Програмскиот директор на ЛГБТИ центарот за поддршка, Кочо Андоновски изјави: Со насилство, закани, непостапување на институциите, некој сака да го запре ЛГБТИ активизмот, да го запре процесот на заживување на ЛГБТИ заедницата во Македонија. Оваа кампања е нашиот одговор. Не е одговор само од ЛГБТИ Центарот, не само од активистите, туку од целата заедница: нема да запреме! Назад нема! Попусти се заплашувањата и притисоците, тие не прават уште посилни и порешителни да продолжиме со нашата борба за постигнување на еднаквост.
Освен на неколку радија, кампањата можете да ја следите и споделувате преку интернет страницата:
http://www.radiohrd.org/macedonia/index.html
Срдечно ваши,
ЛГБТИ Центар за поддршка, МХЦ и ФЛД