Геј активистот Питер Татчел изјави дека има подготвена листа на англикански бискупи за кои постојат претпоставки дека имаат истополови врски, и со таквите податоци Татчел е подготвен да ги открие нивните имиња доколку хомосексуалците од клерот се дисциплинираат во насока на стапување во брак со нивните партнерки.
Минатиот месец, едно од црквените лица Џереми Пембертон добил лиценца за проповедање, одобрена од бискупот од Southwell и Nottingham, откако ја оженил неговата партнерка Лоренс Кунингам на почетокот од оваа година.
Пред дваесет години, Татчел јасно истакнал десет англикански бискупи кои биле геј, пред главниот синод во 1994 година. Тој вели дека неговата цел, како и тогаш, е само-одбраната, односно истакнувањето на црквената хипокризија и одбрана на хомосексуалната заедница од бискупите кои поттикнуваат анти-геј дискриминација.
Тој вели дека веќе постои листа со имиња, но се‘ уште нема одлучено дали истите ќе бидат разоткриени.
,,Ги разгледуваме можностите за ,,аутирање‘‘ на геј бсискупите кои ја злоупотребуваат својата моќ за наштетување на хомосексуалците во клерот и на пошироката геј заедница. Но воопшто не доаѓа предвид разоткривање на бискупи кои сакаат да ја зачуваат приватноста и нивната сексуалност.‘‘
Минатиот месец, Ендру Кајн, свештеник од St. Mary and All Souls во Килбурн, Лондон, стана вториот свештеник кој и‘ пркоси на црквата со венчавање со својот истополов партнер Степан Форшеу. Тој изјави дека очекува официјални реакции кои ќе произлезат од неговата лична постапка.
Вес Стритинг, пратенички кандидат и советник за труд, во однос на планот на Татчел изјави ,,Тоа не е вистинскиот пристап. Не е неопходно хипокризија доколку некој е геј и не ги поддржува истополовите бракови.‘‘
На тоа Татчел одговара: ,,Доколку геј бискуп кој има истополова врска ги поддржува дискриминацијата и дисциплината на другите хомосексуалци во клерот, неговите активности се хомофобични и тој треба да биде разоткриен. Тие самите се доведуваат во оваа ситуација.‘‘
Понатаму тој објаснува: ,,Луѓето имаат право на приватност се‘ додека не ја користат својата моќ и авторитет за да им наштетат на други луѓе, а тогаш кога им се наштетува на други луѓе ние имаме обврска да го прекинеме тоа‘‘.
,,Иако не е преферирачки начин, ова може да биде единствениот возможен начин, затоа што како последно решение мислам дека е морално и етички оправдано.‘‘ дополнува Татчел.
Извор: http://www.gaystarnews.com