Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, нема да маршира на парадата за денот на Сент Патрик, годишен спектакл кој привлекува околу еден милион луѓе на Петтата Авенија, од причина што организаторите на настанот не дозволуваат присуство на групите кои се борат за правата на геј луѓето. „Едноставно не се согласувам со организаторите во однос на нивното исклучување на некои граѓани од овој град“ – Де Блазио изјави во вторникот.Организаторите на парадата не им дозволуваат на луѓето и групите кои се борат за правата на геј популацијата, со знаци за геј правата да учествуваат на настанот, велејќи дека тоа е во спротивност со наследениот Римокатолички карактер на настанот, чиишто корени се уште во колонијалната ера.Де Блазио е првиот градоначалник на Њујорк кој го бојкотира овој настан уште од времето на Дејвид Динкинс, последниот демократ на оваа функција, во 1993 Парадата ќе се одржи на 17ти март.
Претседателот на САД, Барак Обама, ја одбра поранешната светска шампионка во тенис, Били Жан Кинг, за која е јавно познато дека е лезбејка, да ја претставува делегацијата на САД за време на церемониите за отворање и затворање на Олимпијадата во Сочи, Русија. Оваа одлука е директна порака до рускиот претседател Владимир Путин, кој стигна до насловните страници насекаде низ светот поради спроведувањето на анти-геј закони преку неговата забрана за „хомосексуалната пропаганда“. Освен Кинг, уште една спортистка за која е јавно познато дека е лезбејка, хокеарката Кејтлин Кахоу, исто така ќе ги претставува САД во церемониите на затворањето на Олимпијадата. Портпаролот на Human Rights Campaign, Мајкл Кол-Шварц, претходно имал испратено писмо до Претседателот Обама, барајќи тој да одбере спортист/ка кој/а е геј или лезбејка, за да ја претставува делегацијата. „Добар знак е во делегацијата да се видат претставници кои се отворено геј“, рече Кол-Шварц. Тој додаде, „Се надеваме дека ова ќе испрати порака до русите и остатокот од светот, дека САД ги цени граѓанските и човекови права на ЛГБТ луѓето.“ Иако Обама ја праќа Кинг во Русија, самиот тој нема да присуствува на Игрите; нема да присуствува ниту Првата дама или некој од поранешните претседатели, што би било првпат од 2000 сегашниот или некој од претходните претседатели на САД да не присуствува на Олимпијадата. Од Белата Куќа изјавија дека распоредот на обврските на Обама ќе го оневозможи неговото присуство.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот претседател Јоаким Гаук исто така нема да бидат присутни на Игрите.
За разлика од нив, Претседателот Иванов потврди дека од публика ќе ја претставува Република Македонија на Олимпписките Игри во Сочи. Со оглед на целата ситуација во Русија, искрено се надеваме дека своето присуство таму, Претседателот ќе го искористи во знак на протест и ќе го изрази револтот кон континуираната хомофобична политика која моментално ја спроведува Владата на Претседателот Путин, а поради која физичка и психичка тортура секојдневно претрпуваат многу ЛГБТИ луѓе низ Русија. Впрочем, промоцијата на човековите права е должност на секој висок државен функционер.
Само неколку дена пред почетокот на Олимписките Игри во Сочи, а со цел подигање на свеста за безизлезната ситуација во која се наоѓаат припадниците на руската ЛГБТИ заедница Хјуман Рајтс Воч објави видео во кое се прикажани резулататите од директната хомофобична капања која ја спроведува Владата на Путин.