Една мајка во игротеката ми објасни дека психијатарот ја советувал синот единец еднаш неделно да го поттикнува да се облекува во костими кои обично ги бираат девојчињата. „Со тоа му се нуди избор“ – аргументираше таа. „Тие не сакаат наместо него да одлучуваат кој пол е.“
Eден ден во детската игротека Purple Dragon, секој детаљ порачуваше дека имотните семејства од Челси не се како другите лондонски семејства. Пространата игротека е опремена со дизајнерски столици за хранење бебиња, театарски кукли, костими од актерските херои и принцези, и симулатори за голф за јуниорите со големи барања. Децата секогаш се слатки, но оние чии родители плаќаат скапи членарини за неколку часови играње во неделата, се посебно слатки. Носат пастелни џемпери и зборуваат со акцент карактеристичен за високата класа.
Глетката би изгледала како реклама за луксузна марка на детска облека Bonpoint, доколку во неа не се наметнеше гласното момче од три или четири години, наместен во карате поза. Ни таа слика не би била толку необична, доколку на себе немаше розово балско здолниште, костим за Пепелаша или хероина од цртаниот филм Frozen. Неговата мајка гордо го следеше и здогледувајќи го мојот зачуден поглед, искоментира: „Денес е среда. Во среда се облекуваме како принцеза.“
Потоа ми објасни дека таа и нејзиниот сопруг, по разговорот со некој врвен детски психијатар, одлучиле дека својот син единец еднаш неделно ќе го поттикнуваат да се облекува во костими кои обично ги бираат девојчињата, за да не вршат притисок на него, во однос на тоа како полово да се одреди. Според теоријата на оваа мајка и психологот, опкружувањето составено од каубојци и фудбалери би можело да претставува голем притисок за момчето, поради што подоцна би можел да има проблем со прифаќање на самиот себе. Доколку еднаш неделно се обиде да биде девојче, сигурно би бил помалку збунет и подготвен да одлучи дали во суштина е девојче заробено во тело на момче, или момче во тело на момче.
Приказната на оваа мајка би ме изненадила доколку не стануваше збор за се пораширен тренд на „флуидност на половите“. Се чини дека се започнало со насловната страница на Vanity Fair на која поранешниот американски олимпиец и ѕвезда на реално шоу, Брус Џенер позира во „новото тело“, као жена по име Кејтлин. Следуваше серија подршки и сведочење на оние кои можат да се поистоветат со госпоѓата Џенер. На пример, австралиската манекенка Руби Роуз тоа го објасни на следниот начин: „Полова флуидност е она чувство кога не чувствуваш дека припаѓаш на едниот или другиот спектар. Јас не се идентификувам ниту со еден пол. Не сум фраер, не се члувствувам како жена, но родена сум како жена. Што значи дека се наоѓам некаде во средината. Во моите најубави и совршени мечти, тоа е као да го имам најдоброто и од двата пола.“
Момчето во розово здолниште // Ромео Кларк имал пет години кога во 2014 му забраниле да доаѓа во иротека бидејќи облекувал здолништа. Nеговата мајка Георгина (38) не ја премолчела дискриминацијата, туку сè им раскажала на медиумите.
Целата тема веројатно би се доживеала како дел од ексцентрична сцена која е дел од шоубизнисот, доколку не би била вклучена во програмата на парламентарната истрага. Марија Милер, зстапничка во парламентот од редовите на ториевците, која ја водела истрагата, изјавила: „Секојдневната реалност во животот на трансексуалците во Британија е целосно поразлична од сјајот и гламурот на Холивуд.“ Врз основа на сведочењето на повеќе од 250 организации и индивидуалци, заклучено е дека на Велика Британија ? e потребна итна промена на системот кон трансексуалците.
Препораката на Милер е дека е најдобро полот да не се споменува за да не се навредат оние кои не се целосно сигурни во припадноста на еден од понудените. Така Милер предлага на секој поединец постар од 16 години да му се дозволи промена на полот, без многу бирократски компликации, врз основа на пополнет формулар. Таквиот принцип на „самодекларација“, без оглед на физичкиот чин на промена на полот, веќе се користи во Ирска, Малта, Аргентина, Данска.
Милер бара од пасошите и останатите службени документи да се исфрли описот на полот. Таа ја води оваа борба за правата на поединците кои не се чувствуваат ниту како мажи ниту како жени, вели Милер која нерадо го користи терминот „трансексуалец“ сметајќи го за застарен. „Доказ за раширената неправда која ја доживуваат тие луѓе е шокантен факт кој кажува дека дури половина од младите кои не се чувствуваат во склад со својот пол и една третина возрасни трансексуалци, имаат обиди за самоубиство“ – вели таа. Застапничката Милер верува дека клучот е во сензибилирањето на јавноста и дека со тоа треба да се започне уште од најрана возраст. Но, некои ја престигнале во промовирањето на флуидноста на половите. Вo склоп на минатогодишниот Месец на свесноста за трансексуалноста, американските училишта на своите ученици им дадоа можност да одберат беџ кој означува дали тој ден се чувствуваат како девојче, момче или ниту едно од наведените. Некои приватни училишта во Британија веќе ги укинале униформите за момчиња и девојчиња. Секој ученик може да одбере дали сака да носи панталони или здолниште, без разлика дали е девојче или момче.
На овој тренд одговорила и популарната модна марка „Зара“ која тукушто ја претстави својата унисекс колекција. Секој кој не се согласува дека нацијата треба да се приспособи на потребите на еден процент од трансексуалната популација (според проценките на Здружението за истражување и едукација на половиот идентитет), како угледната новинарка Мелани Филипс, брзоплето е етикетиран како хомофоб. Филипс предупредува дека она што „почнало како сочувство се претворило во опресија“, што може да им штети на децата, бидејќи е лесно да ги збуниш и со нив да манипулираш. Во атмосфера во која флуидноста на половите станува општествено посакувана како здравата храна и медитацијата, би било пожелно да застанеме и да се прашаме дали отворената можност за одбирање на половите, понудена на несигурните, збунети, помодни, неодлучни, бунтовни тинејџери, е правилна одлука за нивниот психички развој.
Оваа комплексна тема секако може да се гледа низ призма на човечките права, политиката, хуманоста, медицината, правото, но и низ призма на родителите. Без оглед на негирањето на разликите меѓу половите, тој ден во игротеката, разликата беше и тоа како присутна и видлива. Девојчињата ги чешлаа косите на своите кукли, момчињата се тепаа за топката. Додека малата Индиго, ќерка на мојата пријателка, смирено се забавуваше со коцките на масата, мојот син не се откажуваше од туркањето на автомобилите двојно поголеми од него, сè додека не сруши се што му се најде на патот. Двајцата немааат ни една година. Иако планирав, овој аргумент не успеав да ? го изнесам на мајката на момчето со здолниште како за принцеза. На крајот мораше да се откаже од проектот во среда, и тоа само затоа што нејзиниот син, искусувајќи ги карате движењата, го скина здолништето. Не е лесно да се биде девојче во тело на момче, посебно кога тоа е наметнато со експериментите на амбициозните родители.
Извор: okno.mk