“Денес, ние го обожуваме животот во Санкт Петерсбург, но разберете дека луѓето како нас не можат тука да имаат тивок и мирен живот“ објаснуваат дваесетинештогодишните Русинки, Даша и Викторија. “Се надеваме дека некој ден ќе набавиме Џек Расел териер. Тоа што сега го сакаме е едноставната човекова среќа.“
Викторија и Даша се само два од четиринаесетте субјекти профилирани во трогателниот серијал на фотограферката Анастасија Иванова “Од Русија со љубов“. Проектот, медиумски покриен од страна на журналот за култура и квир уметност Muff Magazine, содржи слики од геј жени кои живеат под режимот на Путин, режим кој стана озлогласен по својата строга анти-геј легислатива.
“Понекогаш, нашите геј пријатели од Германија, Америка или Англија зборуваат за нивните животи, а ние се чуствуваме како да зборуваат за друг свет,“ Олгерта и Лиса, две девојки кои исто така беа субјекти и кажаа на Иванова. “Нема сомнеж дека тие го мислат истото за нас, кога им говориме за ситуацијата во Русија. Нашата иднина е едноставна. Ние мораме да заминеме.“
Иванова и уметничкиот директор ЕА Буканова, презентираат фотографии од ЛГБТ двојки од сите возрасти придружени со лични стории за нивните врски и приватни животи. Жените слободно дискутираат како се запоснале со своите животни сопатнички, тешкотиите со кои се соочуваат како ЛГБТ лица и различните надежи и сништа кои тие ги имаат за својата држава. Сториите се различни и се движат од приказни за прекрасни романтични моменти во градови како што се Москва и Санкт Петерсбург, па се до трогателни искуства кои уште повеќе ја покажуваат распаѓачката ситуација со човековите права која постои таму.
“Се што посакуваме од иднината е да го зачуваме нашето мало семејство заедно. Можеби доколку имаме среќа, еден ден ќе имаме и дете.“ – Ирина, 27 и Антонина, 31
“Во јавност, се трудиме да не ги криеме нашите чуства и одлучни сме слободно да се држиме за раце и да се бакнуваме, но ситуацијата со геј правата во Русија ќе заврши лошо. Начинот на кој што живееме од нас прави одметници.“ – Кате, 29 и Нина, 32
“Не постојат геј права во Русија. Борбата за нив ни создава чуство како да сме дел од криминално кабаре шоу и ние не сакаме да учествуваме во тоа.“- Олга, 32 и Јулија, 28
“Ние сме активистки речиси петнаесет години. Многу од нештата кои во Русија беа постигнати во текот на минатиот век, беа избришани во текот на последните две [години].“ – Олгерта, 54 и Лиса, 48
“Никогаш не сме имале негативни реакции, но во Русија не постојат геј права. Во моментов, бараме ’рута за бегство’.“ – Таша, 33 и Ксенија, 39
Погледнете ја галеријата од серијалот на следниот линк.