На ден 10.08.2016 година, на албанскиот веб портал Gazeta Minerva е објавена колумна со наслов „Homoseksual – Pederastët e sotëm“, во превод „Хомосексуалците – денешните педери“, напишана од страна на професорот во средното стручно општинско училиште Моша Пијаде во Тетово, Сулејман Мехази.
Во колумната потпишана од авторот Сулејман Мехази, меѓу другото, е наведено:
„… се наоѓаме токму во времето на пророкот Лут, кога цветаа хомосексуалците – педерите, време на расипаниот свет, вкоренето, во секоја пора на животот…“
„…Време кога најразвиените земји, најиндустријализираните, на големо развиени и образовани во нивните устави и закони ги поддржуваат хомосексуалците – педерите почнувајќи од најтесниот круг на семејството се до социјалните, економските, културните, образовните, верските, политичките, државните и националните институции. Со еден збор ние не сме станале проститути, но полошо, сме станале хомосексуалци – педери бидејќи ги поддржуваме нив на големо…“
„…Најголемите хомосексуалци- педери се патриотите, верниците, научниците, писателите и политичарите со нивните создадени кланови, му го вртат газот еден на друг за нивните лични цели. Чувај не Господе од хомосексуалците – педерите! …“
Објавување на ваков текст во кој се промовира и поттикнува дискриминација кон хомосексуалците претставува прекршување на уставната забрана за заштита од дискриминација,понатаму проширена преку Законот за спречување и заштита од дискриминација. Во текстотхомосексуалците се исто така стигматизирани поради тоа што се прикажани како физички и душевно болни лица. Споменувањето на хомосексуалците на дадениот начин и во дадениот контекст, оди во прилог на зајакнување на постоечката стигма и дискриминација кон оваа заедница.
Оттука, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ-ЛГБТИ Центар за поддршка и ЛГБТ Јунајтед Тетово поднесе Преставка до Комисијата за заштита од дискриминација, образлужувајќи дека со колумната на проф. Мехази се прекршуваат човековите права на ЛГБТИ луѓето, како според македонската, така и според европската легислатива, како и повикувајќи се на праксата на Европскиот суд за човекови права и случајот Vejdeland and Others v. Sweden од 2012 година.
Како резултат на тоа, Сулејман Мехази објави јавно извинување, кое го пренесуваме во целост:
Јавно извинување за „ЛГБТ Јунајтед Тетово“
21:43, 04/12/2016
„Почитувани пријатели, читатели на различни портали!
Комисијата за заштита од дискриминација на Република Македонија на датум 24.11.2016 има добиено претставка од страна на Хелсиншкиот1 Комитет за Човекови Права на Република Македонија, против мене, Сулејман Мехези.
Оваа Комисија за Заштита и Дискриминација2 ме натовари за колумната, мојот текст објавен на порталот од Албанија „Минерва“, објавен на 10.08.2016, со симболичен наслов, метафоричен: „Хомосексуалци- денешните педери“, и, дека овој текст го има навредено, потценето и дискриминирано Здружението „ЛГБТ ЈУНАЈТЕД, Тетово.
Затоа, на ова Здружение „ЛГБТ Јунајтед Тетово“, јас, Сулејман Мехази, им се извинувам јавно, затоа што мојот текст ниту малку и вопшто нема врска не само со ова здружение, но и со целата нивна заедница, бидејќи секој има лично право на сексуална ориентација.
Целта на насловот и на текстот во целина е метафоричен, симболичен за да ги погоди измамниците, подмолните, користољубивите кои с? што постигнале со помош на образовните, културолошките, научните и политички кланови!
Вие почитувани, од Комисијата за Заштита и Дискриминација во Р. Македонија, оваа ваша преставка ми изгледа многу тендициозна затоа што никаде во текстот не го имам споменато: ЛГБТ-то од Тетово.“
Во продолжение, го објавуваме и интегралното извинување на албански јазик:
„Të nderuar, miq, lexues e portale të ndryshme!
Komisioni për Mbrojtje dhe Diskriminim i Republikës së Maqedonisë me nr. 0801-184612 të datës 24.11.2016, ka bërë një parashtresë deri te Komisioni i Helsinkut për të Drejtat e Njeriut të Republikës së Maqedonisë, kundër meje, Sulejman Mehazi.
Ky Komision për Mbrojtje dhe Diskriminim më ka ngarkuar për kolumnen, shkrimin tim publikuar në portalin e Shqipërisë gazeta “Minerva”, publikuar më 10.08.2016, me titull simbolik, metaforik: “Homoseksual-pederastët e sotëm”, dhe, se ky shkrim paskërka ofenduar, nënçmuar e diskriminuar Shoqatën “LGBT JUNAJTED,Tetovë.
Prandaj, kësaj Shoqate “LGBT JUNAJTED, Tetovë, unë, Sulejman Mehazi, i kërkoj falje publike, për shkak se shkrimi im aspak e fare s’ka të bëjë jo vetëm me këtë shoqatë, por edhe me tërë komunitetin e tyre, pasi çdokush ka të drejtë personale të orientimit seksual.
Qëllimi i titullit dhe i shkrimit në përgjithësi është metaforik, simbolik për të goditur mashtruesit, tinëzarët, servilët të cilët gjithçka kanë arritur suksese me anë të klaneve arsimore, kulturore, shkencore e politike!
Të nderuar ju, të Komision për Mbrojtje dhe Diskriminim në R. e Maqedonisë, kjo parashtresë e juaja më duket shumë tendecioze sepse askund në këtë shkrim se kam përmendur: “LGBT-në e Tetovës.“