Забелешка: Трансродови лица се оние чиј родов идентитет на некој начин не се совпаѓа со полот кој им е назначен прираѓањето. Цисродови лица се оние чијшто родов идентитет е во склад со полот што им е назначен при раѓањето.
Изменето на 29/07/2013: Добивам многу коментари на Tumblr од луѓе кои очигледно не ја разбираат поентата на овој текст.Не ги „закачам злобните лезбејки и геј мажи“ – туку поставувам прашања за начинот на кој моносексуалните луѓе го перцепираат родот на другите.Се извинувам што вознемирив некои луѓе но стојам зад своите првични ставови:Доколку велите дека ве привлекуваат „жени“ (т.е. се идентификувате како лезбејка или стрејт маж), но од таа група ги исклучувате транс жените, вие сте циссексист/ка, затоа што ги исклучувате транс жените од категоријата „жени“.Она што го велам е дека можеби моносексуалните луѓе треба да размислат што всушност ги привлекува, и да користат различни термини, како на пример „цис жени“, „цис мажи“ итн. Ова беше јазична вежба за јазикот што го користиме и за тоа колку циссексистички може да биде.Ве молам прочитајте гоовој пост за понатамошно објаснување.Ви благодарам што го прочитавте ова. Сега продолжувам со оригиналниот текст.
Што е лезбејка или геј маж?Општо земено, лезбејка е жена која ја привлекуваат други жени, а геј маж е маж кој го привлекуваат други мажи.И секако, го користиме зборот „стрејт“ за мажи кои ги привлекуваат жени, и за жени кои ги привлекуваат мажи.Но погледнете под површината на овие дефиниции и лесно ќе најдете прикриена, внатрешна трансфобија.
Што значи да се биде жена?Имам сретнато лезбејки кои се нарекуваат себеси лезбејки затоа што ги привлекуваат жени, но кога ги прашав да објаснат, рекоа дека ги привлекуваат само цис жени.Оттука, постои нешто кај транс жените што прави да не бидат жени во очите на лезбејките.
Секако, не велам дека има нешто погрешно во тоа да не ве привлекуваат транс жени – тоа не можете да го контролирате – но лицемерно е да кажете дека сте лезбејка (т.е. дека ве привлекуваат жени), исклучувајќи ги транс жените од таа група.Со тоа што ги исклучувате транс жените од групата наречена „жени“, вие сте трансфобични.Сето ова, секако, важи и за стрејт мажите (заменете го „транс жени“ со „транс мажи“, и истото ќе важи и за геј мажите).
Слично на ова, некои лезбејки велат дека ги привлекуваат транс мажи.Со ова, тие всушност велат дека има нешто кај транс мажите што всушност ги прави „жени“ (групата кон која се привлечени лезбејките), или сакаат да кажат дека, со тоа што ги привлекуваат и мажи и жени, тие се всушност бисексуални или пансексуални?Ако се нарекуваат лезбејки иако ги привлекуваат транс мажи, тие се всушност трансфобични.
Станува поинтересно…А што е со оние кои ги привлекуваат луѓе како мене, кои се идентификуваат како родово квир – ниту како маж, ниту како жена?Дури и лезбејка која во себе нема толку циссексизам за да ги исклучи транс жените, или да ги гледа транс мажите како жени, може да се најде во незгодна позиција тука.Доколку и’ се допаѓам на некоја лезбејка затоа што ме перцепира како женско, таа сепак, без намера, прави грешка околу мојот род и е циссексистка поради нејзините претпоставки за мојот род врз основа на моето претставување и/или телесни карактеристики.
Дали пансексуалците се единствените луѓе кои ги привлекуваат луѓе како мене?Не мислам така.Само затоа што „изгледам“ како да припаѓам на еден род, луѓето ме ставаат во таа кутија и си дозволуваат или не си дозволуваат да им се допаднам врз основа на нивната претпоставка.
А работата е што најчесто не можете да видите дека некој е транс.Луѓето ми велат: „Никогаш не сум сретнал/а транс личност!“, а јас им одговарам: „Сте сретнале, само што личноста не носела светлечка реклама.“Од некои причини, луѓето очекуваат сите транс жени да бидат груби и влакнести, а сите транс мажи да бидат мали и феминизирани.Ама тоа не е така.
Голем дел од транс луѓето си го живеат својот живот, и без разлика колку паметни мислите дека сте, без разлика колку верувате дека има „траги“ за нивниот „вистински пол“, не можете да забележите ништо.Оттука, да кажете дека ве привлекуваат транс жени (или мажи) исто така е трансфобично, во смисла на тоа дека мислите дека вам ќе ви биде очигледно дека тие се транс.
Некои луѓе ќе кажат „Мене ме привлекуваат одредени телесни карактеристики.“На пример, на личност која се нарекува себеси лезбејка, и’ се допаѓа мека кожа, без влакна, нежни контури на лицето и мирисот кој во нашето општество го сметаме за „мирис на жена“.Нема ништо погрешно во тоа да ве привлекуваат овие работи.
Но обично ова го кажуваат како изговор за нивното исклучување на транс жените, а вклучување на транс мажите и родово квир луѓето во групата која ги привлекува. Секако, секој со малку здрав разум ќе сфати дека многу или најголем дел од транс жените имаат карактеристики кои се поврзуваат со „женственоста“, некои родово квир луѓе чиј пол при раѓање бил означен како женски ги немаат овие карактеристики, а многу или најголем дел од транс мажите воопшто ги немаат.
Па, тоа што го кажувам не е дека лезбејките, геј мажите и стрејт луѓето се автоматски трансфобични, туку велам дека можеби треба малку да се самоанализираат и да се запрашаат зошто ги привлекува само еден од многуте родови, што е тоа што им се допаѓа кај тој род, и што би правеле кога би запознале некој од рој род кој не ги исполнува нивните очекувања за тоа како тој род треба да изгледа / мириса / звучи / се чувствува – дали ќе се чувствуваат способни да им се допадне таа личност.Одговорите на овие прашања, особено на последното, ќе им каже се’ што треба да знаат за тоа дали нивната сексуалност се базира на циссексизам.
Извор: http://shutupsitdown.co.uk/2013/02/27/cissexism-in-the-language-surrounding-monosexuality/
Повеќе за моносексуалноста и циссексизмот
Изгледа дека мојот текст за циссексизмот и моносексуалноста стигна до Tumblr и многу луѓе кои на спектакуларен начин ја промашија поентата се многу бесни сега.Сакам да разјаснам некои работи.
Јас НЕ кажував дека, не пример, геј мажите имаат обврска да спијат со транс мажите.Никој нема обврска да спие со никого, сексот не е право и секој разумен човек го знае тоа.
Тоа што го кажував е дека еден геј маж кој вели дека го привлекуваат само мажи и потоа ги исклучува транс мажите од тоа, можеби треба да испита зошто ги исклучува транс мажите од категоријата мажи.
Јас НЕ велев дека „геј луѓето треба да размислат зошто не се привлечени од други родови освен својот“ (ова е цитат од некој на Tumblr, поради кој за мене рекоа „хомофобија до даска“).
Оваа изјава за мене е „циссексистичка до даска“, искрено, без разлика дали доаѓа од цис личност или транс личност.Идејата дека цис мажите и транс мажите имаат „различен род“ е страшно трансфобична.Еден транс маж е исто толку маж колку и цис маж, крај на муабетот.
Она што го кажав е дека геј маж кој вели дека го привлекуваат само мажи, а потоа ги исклучува транс мажите од тоа, можеби треба да го преиспита својот начин на изразување.Тој вели дека транс мажите не спаѓаат во категоријата која тој ја дефинира како „мажи“.Зошто не може да рече „Ме привлекуваат само цис мажи“?
Немам никаков проблем со тоа луѓето да се привлечени само од цис жени или цис мажи (или родово квир луѓе или транс жени или транс мажи или какви било други луѓе).Она со што ИМАМ проблем е начинот на кој луѓето ја ограничуваат својата сексуалност користејќи зборови како „жени“ или „мажи“ и потоа кажуваат зошто сметаат дека транс луѓето не се дел од овие категории.
За личност која не ги смета црните мажи за мажи, или мажите со посебни потреби за мажи, би било кажано дека е расист или дека дискриминира врз основа на физички способности.Личност која не смета дека транс мажите се мажи е циссексист, од тоа нема бегање.
Јас НЕ кажав дека лезбејките имаат обврска да бидат привлечени од транс жени.
Тоа што го реков е дека да се рече „Ме привлекуваат жени – затоа што ме привлекуваат вулви / безвлакнетост / одреден мирис / телесна градба“ е циссексистичко.Немаат сите жени вулва.Немаат сите жени една иста градба.Кажете дека ве привлекуваат цис жени, но знајте дека е циссексистички да кажете „жени“ и да мислите само на еден тип на жена.
Ова е како стариот проблем со маршовите Reclaim the night, во кои се велеше дека „жените и транс жените“ се добредојдени.Секој со малку мозок може да го види проблемот тука – ги ставиле транс жените во категоријата „всушност и не баш нормални жени“.Зошто да не биде „цис жени и транс жени“?Зошто мислиме дека цис жените се единствените жени кои заслужуваат да бидат наречени само „жени“ а на сите други жени треба описна придавка?
Сигурно е дека се’ уште ќе има луѓе кои не се согласуваат, и искрено, јас нема да се нервирам околу тоа.Ако не можете да видите дека транс жените се жени и транс мажите се мажи, и ако продолжите да ги користите зборовите „жени“ и „мажи“ мислејќи само на „цис жени“ и „цис мажи“, тогаш сте дел од проблемот.Решението е да го измениме начинот на изразување што го користиме кога кажуваме што не’ привлекува (или за опишување на луѓе, генерално), а тоа не е нешто многу тешко да се направи.