Новото истражување упатува на еден застрашувачки тренд, кој се развива во последно време во Путинова Русија. Така, еден од пет луѓе се ЗА ликвидација на ЛГБТИ заедницата.
Истражувачкиот тим од Yuri Lavada Analytical Center прави мерење на јавното мнение во руското општество за маргинализираните групи од 1989 година па наваму, и со тоа ги има документирано поведенијата во врска со ЛГБТИ заедницата, односно негативниот и надолен тренд на развој на истите во време на владеењето на Владимир Путин, како и во време на силна поддршка на ортодоксната црква на таквиот начин на владеење.
Откако, за прв пат, Lavada Center ги сублимираше ставовите на руското население во врска со хомосексуалноста, во 1989 година, додека хомосексуалноста се’ уште беше нелегална во Русија, 35% од испитаниците имаа истакнато дека сексуалните малцинства треба да бидат „ликвидирани“, а 28% од нив истакнале дека таквите малцинства треба да бидат изолирани од остатокот од општествениот живот.
Во 1999 година или шест години по декриминализацијата на хомосексуалноста во Русија, само 15% од испитаниците беа на ставот дека ЛГБТИ заедницата треба да биде ликвидирана, а само 23% од нив мислеа дека ова заедница треба да биде изолирана од остатокот од општествениот живот.
Сепак, во 2015 година или 15 години откако Путин се позиционираше политички, 21% од руските испитаници мислат дека хомосексуалците треба да бидат ликвидирани, а 37% ценат дека ЛГБТИ луѓето треба да бидат присилени на изолација од останатото општество.
Друго истражување, во рамки на работата на Lavada Center, кое беше објавено во мај, ова година, покажува дека 37% од Русите мислат дека хомосексуалноста е болест за која е потребен посебен третман, иако руските власти ја отстранија хомосексуалноста од листата на болести и ментални нарушувања во 1999 година.
ЛГБТИ Русите, веќе подолго време го имаат искуството на страв, во време на владеењето на Путин, имајќи предвид дека постојат организирани групи во општеството кои ги таргетираат и се насилни кон ова заедница. Исто така, слободата на изразување на ЛГБТИ луѓето во Русија им е нарушено со законските одредби од т.н. Закон за забрана на пропагирање хомосексуалност пред малолетни лица.
Во секој случај, и спротивно на овие наоди од истражувањата, администацијата на Путин цени дека истите се „претерувања“, додека истата таа владеачка структура е активно вклучена во прогонот на геј луѓето во руското општество.
Извор: www.gaystarnews.com