После дебатата во Турското собрание (TBMM) околу кодот за дисциплина во Турските вооружени сили (TSK) којшто премина во закон на 30 јануари, хомосексуалните врски ќе се сметаат за прекршок што доведува до нивна стигматизација како “неприродни врски”.
Офицерите кои ќе сторат ваков “хомосексуален прекршок” ќе бидат разрешени од армијата како резултат на прекршување на кодот за дисциплина.
Оваа регулација претставува дискриминација на работно место на база на сексуална ориентација. Професионалните војници ќе ја загубат својата работа и ќе бидат спречени да ги остварат своите права.
Хомосексуалност – засекогаш прекршок во Турските вооружени сили!
Откако предлогот на кодот за дисциплина беше изгласан, условите наведени во “казни за разрешување кои се повикуваат на недисциплина” преминаа во закон.
Според законот, поседувањето на голем долг и неможноста истиот да се отплати, моралната слабост, инволвираноста во идеолошки и политички активности, да се биде во брак или да се живее со некој “развратен”, како и да се биде во “неприродна врска”, се сметаат за причини за разрешување од Турските вооружени сили.
Во претходните верзии на Законот за дисциплина во армиијата, хомосексуалните врски исто така се сметаа за “криминал” и за “неприродни врски”. Покрај тоа, кривичното дело “разврат”, кој се здоби со широко медиумско покривање, остана и во новата верзија на законот. Двата вида на криминал беа спомнати во член 153 од претходната верзија.
Што армијата подразбира под “развратна жена”?
Законот за дисциплина на Турските вооружени сили беше модифициран така што “неприродните врски” беа заменети во “хомосекуалност” поради тоа што терминот не беше разбран од членовите на Комисијата за правда на Турското собрание од 1996 година. Друг член кој беше прифатен во тоа време беше: “воените офицери кои се во брак или живеат со проститутки или со жени кои се сметаат за развратни ќе бидат разрешени од армијата”. На прашањето “што армијата подразбира под ‘развратна жена’?” следеше одговорот: “да не се преземаат никакви акции кои се базирани на озборувања, само полицијата и судот се доверливи”. Прашањето на член од комисијата, пратеникот на Партијата на републиканците Ахмед Кетенци, околу “моралноста на мажите кои се оженети со жени воени офицери” помина изигнорирано од страна на Комисијата.
Јасно е дека обвинувањата за “неморал” и “неприродни врски”остануваат исти при секое ревидирање на Законот за дисциплина на Турките вооружени сили.
Офицерите – прекршители, војниците – болни!
Турските вооружени сили продолжуваат да ги сметаат хомосексуалните врски за прекршок кој треба да се казни. Од друга страна, според член 17 од Водичот на Турските вооружени сили за квалитетот на здравјето, се смета дека геј војниците имаат “психолошко пореметување”. Владата се согласува со Турските вооружени сили и ја стигматизира хомосексуалноста преку регулациите за “неприродни врски” и “психолошки пореметувања”. Импликациите на законот ќе резултираат со разрешување на воените офицери од нивните работни места и студентите кои идат во воени училишта. Водичот за квалитетот на здравјето ќе продолжи да ги сепарира геј војниците од армијата.
Текстот е на Али Ерол, Претседател на КАОС ГЛ од Анкара