Социјалната мрежа за состанување на геј мажи PlanetRomeo, во соработка со Универзитетот во Германија, направила испитување (Gay Happiness Index) на 115 000 геј мажи од 127 држави, кои биле опфатени во истражувањето, така што е вршено рангирање на земјите според три критериуми: јавно мислење, јавно однесување и задоволност од животот.
Трите нордиски држави се опфатени во првите четири држави, со следните поени – Норвешка, 77 поени, Данска, 76 поени, Шведска, 73 поени, а потоа следуваат Уругвај, 73 поени, Канада, 72 поени и Израел, 71 поени.
Индексирањето на државите се движи помеѓу 1 и 100 поени, а прва држава на листата е Исланд со вкупни 79 поени.
Од другите држави од англиско-говорно подрачје, според поените, високо на скалата се Нов Зеланд на 11 место, Австралија на 20 место. Северна Африка е позиционирана на 22 место, Велика Британија на 23 место и Соединетите американски држави на 26 место.
„Нештата изглдаат подобро и тоа се потврдува со позиционирањето на Северна и Јужна Африка, како и Јужно-источна Азија. И тоа се одлични вести“ изјавуваат од мрежата PlanetRomeo.
„Европа покажува голема различност, од тоа да се биде дел од геј рајот (нордиски земји) до тоа да се биде дел од геј драмата (балканските земји) во источно-европскиот правец“.
Но Африка, Централна Азија и Блискиот Исток се „депресивни“ држави, велат од мрежата, исто така, негативен тренд е забележан и во некои од европските држави како што е Русија, Турција и Унгарија.
Петте држави со најнегативни поени од минатата година се Уганда, Киргистан, Судан, Нигерија и Етиопија.
PlanetRomeo изјавува дека тираните во тие земји ја поттикнуваат хомофобијата и таквите убедувања, така што стекнуваат политичка популарност, во рамки на едно исплашено и неедуцирано општество. Сепак, одмерувањето на тоа да се биде геј, не се води од параметрите на образование и време единствено, туку од политиката.
„GHI рангирањето е во корелација со скалата на демократските општества и слободата во авторитативните држави, каде што се нарушуваат човековите права и слободи“ велат од мрежата.
„Најниско рангираните држави се познати по имање на негативен тренд во состојбите со основните човекови права и слободи во општеството“.
Мрежата PlanetRomeo планира да го повтори истражувањето во иднина.
Извор: www.gaystarnews.com