Нападот на лезбејките би требало да биде третирано како дело од омраза, беше истакнато на конференцијата за медиуми организирана од „Лабрис“, организација за човекови права на лезбејките во Србија, по повод напад на нивна активистка.
Драгослава Брзут рече дека била жртва на напад, во текот на ноќта од 26 накај 27 септември, кога таа и нејзината пријателка биле нападнати од непознато лице во кафаната „СФРЈ“.
Барзут на конференцијата за медиуми ја раскажа случката, кога непознато младо лице со качулка дотрчал до нивната маса и почнал да ги тепа една по една, извикувајќи кон нив дека се лезбејки.
Барзут истакнала дека повеќе удари добила нејзината пријателка, која седела заедно со неа, и дека се здобила со повеќе повреди на главата, односно дека и е отечено окото, скршен и’ е заб и добила еден удар во ’рбетот. А кога Барзут викнала по лицето што ги нападнало да престане, тогаш и таа добила удар во глава, по што паднала на земја.
Според нејзините кажувања, неколку млади луѓе кои биле присутни таму, го спечиле напаѓачот и понатаму да нанесува повреди, по што истиот побегнал, а додека викале полиција се појавило друго лице кое, исто така, ги нападнало.
– Келнерката, на која сум и’ многу благодарна, со своето тело ја покри и заштити мојата пријателка, а кога почнаа ударите по глава, таа не’ однесе во тоалет, не’ заклучи, а тоа изгледаше како вечност. Полицијата брзо стигна на местото на настанот, и морам да упатам пофалби за нивната брза интервенција. И двајцата напаѓа, сепак, успеја да побегнат. Јас сум во голем шок – вели Барзут.
Таа додека и дека лезбејките често не го пријавуваат насилството, со цел да ги заштитат луѓето што ги сакаат, како и заради стравот од секундарна виктимизација, бидејќи нема кој да ги одбрани и заштити.
Барзут вели дека како авторка и активистка на „Лабрис“ и лезбејка, сега мисли на нејзините пријатели и роднини, на кои им е тешко заради нејзината сексуална ориентација, но дека денес сака да се сака себе си и да чувствува морална одговорност со цел да се осуди нападот врз неа и нејзината пријателка.
Барзут вели дека слушала примери за тоа како многу жени лезбејки се тепани, мачени и дека не се осудуваат да го пријават насилството, ниту во полиција, ниту на своите најблиски, како би можеле да ги заштитат најблиските.
– Уште една причина за непријавуваното насилство и заради што сега и јас сум во страв, тоа е стравот од секундарна виктимизација: не се пријавува насилството, бидејќи нема кој да не’ заштити, одбрани, затоа апелираме до обвинителството, овој акт да се препознае како дело од омраза, и во таа насока да реагира, со фер истрага, бидејќи во спротивно сите губиме – вели Барзут.
Правничка од Комитетот за човекови права, Јукома Кристина Тодоровиќ рече дека ќе инсистира на тоа обвинителството да го третира случајот како дело од омраза, бидејќи тогаш се зема предвид отежнувачката околност.
Извор: www.blic.rs