ЛГБТИ заедницата во Македонија, втор пат организира ја „Недела на гордоста“. По тој повод,,,Инбокс7‘‘ подготви интервју со Биљана Гинова, ЛГБТИ активист.
Во продолжение, може да проследите дел од интервјуто.
Искра Опетческа: Споменавте дека хомофобијата не запира. Кој и како ја шири хомофобијата во Македонија?
Биљана Гинова: Денес живееме во општество во кое што структурно се воведува хомофобијата преку сите можни алатки кои што можат да се употребат; преку образованието, медиумите, јавните говори. Живееме во општество во кое што ниту еден напад врз ЛГБТИ заедницата не е осуден. И не само што не е осуден, туку и за ниту еден напад сторителите не се изведени пред лицето на правдата. Тоа на некаков начин го охрабрува или го оправдува насилството врз ЛГБТИ луѓето. На тој начин и се шири, на тој начин напаѓачите стануваат локални херои. И не ја напаѓаат само ЛГБТИ заедница конкретно, ги напаѓаат сите што личат различни, ги напаѓаат сите што личат дека се припадници на оваа заедница Ги напаѓаат сите оние кои што личат дека припаѓаат на оваа заедница. Значи и луѓе кои не се неопходно геј се жртви, затоа што едноставно им личат дека се геј.
Искра Опетческа: Ако парадата на гордоста е она што и дава сила на ЛГБТИ заедницата, тогаш зошто не настапите „поагресивно“ во нејзиното организирање и зошто јавно не побарате поддршка од надлежните институции и од јавни личности?
Биљана Гинова: Во изминатите години ние отворивме дебата за парада неколку пати, но никогаш не била донесена одлука за организирање на истата, заради различни причини. Начинот на кој би се организирала таа парада се‘ уште го договараме, се‘ уште разговараме помеѓу ЛГБТ активистите. Една од тезите до која што се држиме е секако, барање на поддршка од јавноста при организирање на истата. Но, мислам дека кога се отвара дебата за парада, често се извртуваат контекстите – што е тоа парада и зошто таа е потребна? И мислам дека кога зборуваме за парада треба да ни биде јасно дека пред се’ зборуваме за протест, за протестен марш кој има цел одредено политичко барање. Кај нас во Македонија ние сме се‘ уште сме на ниво на основни права, ние сме се‘ уште на ниво на неисполнување на правото на живот, во Македонија. И кога би имале парада на гордоста или протестен марш ние би го направиле за барање за исполнување на правото на живот на ЛГБТИ луѓето. Од друга страна парадите се организраат и за да не потсетат на борбата. Што се случило во 1969 година во Стоунонвил, кога после долгогодишна репресија врз ЛГБТИ луѓето, ЛГБТИ луѓето решиле да го возвратат ударот назад, решиле ,,нема веќе‘‘. Тогаш, се случиле првите немири од ЛГБТИ луѓето кон полицијата., за следната година да се случи првиот прајд (парада). И тоа треба да го славиме, и затоа се вика Парада на гордоста, затоа што луѓето се горди дека нешто извојувале. Но, кај нас, во македонски услови тоа треба да биде протест, протест за барање на основните човекови права на ЛГБТИ луѓето.
Искра Опетческа: Зошто е толку тешко да се признае дека еден човек припаѓа на различна сексуална ориентација од останатите луѓе?
Биљана Гинова: Многу е тешко, затоа што луѓето се осудувани за тоа. Луѓето се укорувани на училиште. Сме имале случаи кога социјален работник, во училиште, откако девојчето се изјаснило дека е лезбејка, да и‘ дава совети дека тоа е лошо и дека таа треба да го смени начинот на живот. Ние имаме и случаи, пријавени кај нас на лице кое ја изгуби работата поради јавно покажување на својата сексуална ориентација. Тоа е многу индикативен случај бидејќи лицето, прво, забележало дека не го добива потребното унапредување. Се работи за човек вработен во државна институција. Правилата за унапредување се јасни, јавни и горе-долу еднакви за сите. Кога ова лице побарало информација зошто не е унапреден, тој доби отказ. Прво, тој започна постапка против работодавецот, но подоцна, не само што се откажа туку и ја напушти државата. Ние може само да претпоставиме под каков притисок живеело тоа лице, штом се одлучило да ја напушти државата. Има уште многу примери. Така, трансродовите жени кои што се жртви на семејно насилство не се препознаваат како жени од страна на шелтер центрите (центри за згрижување луѓе, жртви на семејно насилство). Тоа се социјални центри кои треба да излезат во пресрет на потебите сите жени. Ние имаме случаи кога трансродова жена, жртва на насилство, не е згрижена од таквите шелтер центри. Сите овие ситуации придонесуваат за зголемување на стигмата која се наметнува врз хомосексуалната заедница. Од друга страна ЛГБТИ луѓето, едноставно, не се чувствуваат заштитени во државата. Затоа што, прво, во Кривичниот законик во членот каде што се регулираат основите за дела сторени од омраза не се ставени основите сексуалната ориентација и родов идентитет, што значи дека се‘ уште во Македонија делата сторени врз ЛГБТИ луѓето не се препознаваат како дела строени од омраза. Исто така, во Законот за спречување и заштита од дискриминација, што треба да е основа за заштита од дискриминација на ЛБГТИ луѓето, во членот 3 сексуалната ориентација и родовиот идентитет не се ставени. Ниту пак, што е уште поважно, државата не покажува, а треба да покажува,дека ги презема сите мерки за сузбивање на дискриминацијата и репресијата врз ЛГБТИ заедницата. Кога ќе се променат законите, кога државата ќе го промени начинот на справување со дискриминацијата врз ЛГБТИ луѓето, тогаш тие ќе се чувствуваат безбедни за, едноставно, да бидат тоа што се. Никој никому не мора да кажува што е. Туку едноставно да го живее животот слободно, поминувајќи на улица држејќи го за рака дечкото ако е момче, или девојката ако е девојче.
На приложениот линк, може да го погледнете целото интервју:
Извор: http://inbox7