Геј Сириецот, кој пред неколку месеци сведочеше пред Советот за безбедност на ООН, во врска со злосторствата кои се сторени врз ЛГБТ луѓето во таа земја, од неодмана почна да помага и на други луѓе кои сакаат да побегнат од теророт кој се случува во Сирија.
„Како геј бегалец, горд сум што можам да помогнам и на други млади хомосексуалци, да побегнат од т.н. Исламска држава, бидејќи животите им се сериозно загрозени“ вели Субхи Нахас за неговата мисија. Нахас мораше да побегне од Сирија, бидејќи таму беше под опасност неговиот живот. Сега живее во САД и работи за организацијата Oram, која им помага на ЛГБТ бегалците, известуваат од West Info.
Нахас минатата година, сведочеше пред Советот за безбедност за причините заради кои побегнал од Сирија, како и за се’ што преживуваат ЛГБТ луѓето во Сирија, односно за тероризирачките закани од страна на ИСИС. Ова терористичка организација до сега, на најстрашен можен начин, изврши егзекуција на многумина хомосексуалци во Сирија (фрлајќи ги од згради, каменувајќи ги, додека сите погубувања биле јавно извршувани).
Овој Сириец, на својот Facebook профил, ги појасни своите причини за заминување од Сирија, бидејќи како што вели – „во медиумите често се наведуваат погрешни информации“, односно нагласи дека „никогаш и никаде немал изјавено, за било кој медиум, за неговото заминување од Сирија поради ИСИС“.
„Заминав од Сирија, заради семејни прашања, како и причини поврзани со некои од припадниците на полициските сили, а не заради ИСИС. Заминав уште во 2012 година, кога ИСИС се’ уште не постоеше во моето место на живеење. Но некои од заканите кои ги добивав од луѓе, поврзани со ИСИС, ме пратеа во текот на моето бегство, се’ до Турција.“ вели Нахас.
Тој додава дека некои медиум, пренеле дел од неговите изјави, без негова согласност и истите ги објавиле под сензационалистички наслови, кои привлекле големо внимание.
„Во сите интервјуа, сакав да ја раскажам мојата лична приказна, без да ја поврзувам со политиката и никогаш немав дадено посебно мислење за вооружената група. Од друга страна, во повеќе наврати, се обраќав од име на организацијата Oram, за која работам со цел да помогнам, со цел да го свртам вниманието и ја придобијам поддршката за бегалците кои се’ уште не заминале од Сирија. Но секогаш барав нивните приказни да не се мешаат со мојата“ вели Нахас.
Извор: www.crol.hr