Во 2011, HumanRightsWatch презентираше извештај за ситуацијата на транс луѓето во Холандија и тогаш беше изготвен предлог. Националните и меѓународните транс организации имаа приговори на предлогот, а беа задоволни само со отстранувањето на барањето за медицински (физички) интервенции. По дискусиите и коментарите во првото (пишано) предавање во Парламентот, беа направени подобрувања.
Минатата недела се одржа дебата а денеска предлогот за измени беше изгласан, така што ќе продолжи во следната рунда, во Сенатот.
Што би содржал законот кога би бил прифатен?
1. – Секој кој има холандски извод од матичната книга на родени ќе може да го измени без медицински интервенции
2. – Старосната граница е 18 години
3. – Треба да се има писмо од стручно лице, во кое ќе биде потврдена трајната идентификација на лицето со другиот пол
4. – Стручното лице треба да биде доктор или психолог од тимовите кои работат на оваа тема. Ако е од друго стручно лице, писмото треба да биде одобрено од лекарите од овие тимови.
5. – Треба да се отиде во матичната служба и измените ќе бидат извршени
6. – Ќе се врши евалуација после 5 години.
Амандманите беа изнесени за да променат некои важни аспекти.
1. – ЛГБТ организациите (вклучително и транс организациите) сакаат поширока група на експерти да има овластување да напише експертско мислење, како на пример социјални работници, свештеници, сексолози, експерти од областа на родот, транс организации… ова беше одбиено
2. – беше побарано да се врати периодот на евалуација на три години поради брзиот развој на ова поле, но и ова беше одбиено
3. – спуштање на старосната граница на 12 години: исто така одбиено
4. – Исто така беше побарано да се разгледа можноста за трета, различна ознака за полот, или да се нема ознака воопшто. Ова беше прифатено, а резултатите се очекуваат во следните две години (за да се избегнат тековните „истраги“ на В. Британија)
Се’ на се’, ова е добар резултат, но се’ уште има простор за подобрување на некои суштински аспекти. Животот на транс луѓето ќе биде значително променет на подобро, поточно од први јануари 2014, кога се очекува промените да стапат на сила.
Во Македонското законодавство се’ уште не постојат регулативи за транс луѓето, меѓутоа ваквите примери мора да се земат како позитивна лекција и соодветно да се имплементираат во текстовите на законите кои би се носеле во иднина. Промената на документи во моментов зависи од арбитрарни одлуки и степенот на добра волја на јавните службеници.