Пред десетина години, релативно често патував со воз преку Келн. Стигнував во Келн и порано и подоцна, особено кога го посетував исклучителниот Археолошкиот музеј и заради споменикот на Едит Штајн, која била исклучителен филозоф и ученичка на Хусерл, инаку Еврејка. Но преминала во католичката вера и се замонашила, и од таа позиција испратила до папата Пиј, писмо за геноцидот на Евреите. Сепак ниту калуѓерската одора не ја спасила, односно умрела во гасна комора во Аушвиц. Ватикан го дозволи објавувањето на ова кореспонденција, но после 50 години, односно во 1998 година, кога стана една од шесте заштитници-светци во Европа, заедно со Кирил и Методиј.
Моите поминувања со воз низ Келн, речиси секогаш завршуваа со застанување пред главната станица, и тоа секогаш покрај една зграда, во близина на пругата. Ова зграда, овој пат, ми го привлече вниманието, бидјеќи покрај прозорите имаше големи бројки. Долго не ги разбирав овие бројки, додека еден ден не видов како еден господин вредно ги става овие бројки со цел да одбележи нешто, го пратев неговиот поглед, а видов и како преку одбележаните прозори гледаат жени, кои не изгледаа ниту како вработени, ниту како домаќинки. Зградата покрај пругата беше јавна куќа, а броевите беа наменети токму за патниците од возот, кои од станицата во Келн може да свртат таму каде што се толку непосредно повикани, со бројките кои ги посакале…
Железничките и други станици, секогаш биле места каде се барал и добивал, но и изнудувал секс. Имам добра американска пријателка, која во младоста била силувана од непознато лице, во автобус, додека иститот бил во движење, а никој ниту приметил ниту сакал да и’ помогне. Еднаш, еден млад човек ми пријде на една њујоршка железничка станица, на пат кон Њу Џерси, доцна навечер, и ми предложи да патуваме заедно.., бидејќи се плаши од силување. Друга пријателка, Еврејка, од Њу Јорк, ме научи дека во подземната железничка станица, секогаш треба да барам група на мажи со црна боја на кожата, ако некој ме нападне, они се подготвени да заштитат и помогнат. И се уверив дека имаат право. Најнепријатните ситуации на коментари, напади и задевања, ги имав токму на железничките станици, низ целиот наш свет. Во Грац, пред неколку години, седнав на крајот, пред гардероберите, од каде што го принудив службеникот да реагира конечно и да повика полиција, бидејќи некои пијани локалци, долго време ме задеваа; во Лозано, пак, морав да седам заедно со шанкерот, од другата страна на шанкот, во една кафана покрај железничка станица, бидејќи група на мажи не сакаа да ме остават мирна, па аворитетот на тој постар човек ме заштити. На многу балкански патувања, ги имав сличните, но не и најнепријатните искуства наспроти оние што сум ги имала на други места. Станиците се места на транзитирање, несигурност, мобилност, се’ што во повеќе делови од светот асоцира на маж, наместо на жена, па така жените се полесен плен на такви места. Бидејќи мажот кој е на поминување, нема никакви обврски и одговорност, а жената е сомнителна бидејќи не е на местото на кое што се претпоставува дека треба да биде, односно во домот. Односот кон жените, во неочекувано голем број на ситуации, а можеби и во сите без исклучок, определен е низ патријархатот и сексот кој се разбира како омоќеност. На станиците, како места на идентитетски несигурности, често се собираат оние кои се со несигурен статус во општеството. Многу истражувања, посебно оние базирани во Германија, откриваат дека статусот на странците, другите, доселеници, гастербајтерите, интимно им влијае на нестабилноста, но и пореметеноста на сексуланоста, како и во посериозни случаи на предизвикување импотентност. Истата, дотолку може да е предизвикана и од невработеноста, самото губење на работата, и многу други појави кои општеството посредно или непосредно ги толкува како демаскулинизација. Односот помеѓу овие проблеми и насилството кон жените, како и кон остатотокот од своите семејства, одамна е добро дефиниран, обработен и потврден во многу општествени контексти. Во некои академски средини, посебно канадската, австралиската и британската, се создава цела научна дисциплина: маскулинизам, која го проучува влијанието на општеството врз машкоста, особено во работничката класа, помеѓу доселениците и имигрантите. Познати автори од ова дисциплина, истакнуваат дека маскулинизмот како посебен општествен предмет на проучување, не бил било фер без феминизмот и родовите студии, кои пак ги поставуваат темелите на ова дисциплина.
Однесувањето на машката група, на железничката станица во Келн, на новогодишната ноќ и планското напаѓање на сите жени, значи, не е последица на некои други култури, кои кон жените се однесуваат поинаку, иако секако дека односот е поинаков во нивното тамошно секојдневие, туку затоа што напаѓачите се темелно отфрлени од ова секојдневите и ова нормалност: немаат пари, па како и другите нормални „бизнисмени“ Германци, да го забележат бројот од она зграда, со прозорот кој ќе им се допадне, немаат простор, прилики, општествена рамка во која среќаваат жени, немаат образование, помалку или повеќе немаат ништо. На ова група, инаку и’ се придружија и други ловци на прилики, европски и американски, односно оние кои секогаш тешко наоѓаат нешто за себе, во целата таа конкуренција. Алкохолот, бедата, машкоста во опасност, исклученоста од општеството, патријархалните фантазми, и еве го рецептот за застрашувачките сцени на понижување, попатните кражби и изразувањето на сексуалната моќ. Единствениот можен одговор е да се препушти на полицијата и судството, занимавањето со тие случаи, поединечно, со осигурана соработка со жртвите. Никакви големи зборови за културата, разликите, мултикултурализмот не можат да разјаснат ништо; може само да предизвикаат поголеми проблеми. Бидејќи преку овие настани е повлечена и завесата на популизмот и политизацијата.
Секако дека барањето секој и понатаму, ладно, да ја работи својата работа, претставува тешка работа, ако Германија и цела Европа, се полни со омраза, нетолеранција, хистерични одбранбени гестови, неприфаќање на другиот, поврзани реакции на снижување на човековите права, запенети десни владини структури и длабоко вкоренети медиумски морални арбитри. Тогаш, дали сега не е вистинскиот момент кога тешките и некорисните европски администрации се свртуваат кон подобри, попрактични и похумани решенија? На пример, основањето на женските полициски патроли кои ќе дежураат и ќе ги обезбедуваат местата со висок ризик за сексуална надмоќ и понижување на жените; да речеме, исто така, и повеќе организирано образование и олеснување на животот на оние кои се доселени од скоро (Германија, инаку, е пред сите други во таа област); како и многу подобро и помасовно сервисирање со психолошка помош за бегалците и ново-доселените; понатаму, подоброто и поправичното распределување на доходите при новите услови, каде ниту производството, ниту вработеноста, ниту пак големата работа со штедење не може да ги намали условите на беда; па и планската еманципација на жените од другите култури, а не плиткото почитување на барањата на нивните претходни општества; на таа линија, и изразената државна помош за женските организации кои може да им помогнат на жените и знаат што треба да им се обезбеди; како и семинари за европската администрација и бирократите, кои ќе им бидат обезбедени од невладините организации, а не обратно, како и вклучување на луѓето кои одлучиле самостојно да им помагаат на другите.
Овие мерки, наспроти незамисливо големите суми, кои одат на сметка на проверени и утврдени глупости, не чинат многу, за разлика од другите активности на ЕУ, за кои добиваат и многу доброволци на терен. Конечно, на тој начин може да се добие и кохезиона сила за европските граѓани, кои се на ивица на трпението, заради таквата изразена неспособност на унијата во целот и на сите држави пооделно. Гневот и изненадувањето после келнските ужаси, можеме корисно да ги насочиме.
Извор: http://pescanik.net/