Филмската реализација на настаните поврзани со Stonewall протестите во 1969 година, кога се возврати на ударот на полицијата од страна на ЛГБТ заедницата во Њу Јорк, помина добро на глобално ниво, но сепак, време е критички да се пристапи кон филмот и особено кон тоа кој се’ е застапен во истиот. Имено, во “Stonewal“ се вклучени и улогите на оние кои вистински учествувале во протестите, но има и фиктивни улоги, иако потребно е да се направи ревидирање на сите улоги за да се разбере – дали некои од клучните вистински улоги недостасуваат?
Од страна на Gay Star News е направено такво ревидирање, ценејќи дека е потребно обврзувачко застапување низ филмски улоги на некои од вистинските личности вклучени во протестите. Во продолжение, ќе бидат наведени тие личности со нивно кратко портретирање:
1. Marsha P Johnson
Marsha, според некои сведоци спомнати во биографијата на Дејвид Картер, била таа што ги започнала протестите. Таа била во Stonewall Inn, таа вечер, за нејзиниот 25 роденден, но како лојална муштерика била во фокус на многу од забавите кои биле организирани таму. И како и многу други транс-жени, таму изведувала и како drag кралица.
За време на протестите, Marsha била забележана како фрла тежок метален предмет врз полициска кола и тоа било означено како моќен момент и иницирање на давањето отпор кон полицијата таа ноќ.
За време на протестите, Marsha ја има улогата на пионер во движењето. Таа учествувала и на демонстрациите во 80-тите на Вол Стрит против високите цени на лековите против ХИВ/СИДА и претставувала „мајка“ за голем дел од ЛГБТ младите со кои соработувала или се дружила. Умрела на 48-годишна возраст во 1992, под непознати околности, најдена во реката Хадсон. Нејзиниот случај остана нерешен.
2. Stormé DeLarverie
Stormé била лезбејка или „буч“ лезбејка и нејзиното судирање со полицијата останува запаметено засекогаш. Имено, она започнува со директното соочување со полицијата, со „голи раце“, а позната била на сцената како drag крал, пејачка, дури и како обезбедување.
Не се знае дали Stormé била единствената жена која се судрила со полицијата, но според неколку извори таа е една од малкуте „буч“ лезбејки кои учествувале во физичката пресметка со полицијата. После ова, таа станала позната како „чувар на лезбејките“ или како „Роза Паркс на ЛГБТИ заедницата“.
3. Tammy Novak
Tammy била 18-годишна транс-жена, која заедно со Stormé и Marsha, била една од првите кои го возвратиле ударот на полицијата.
Заради нејзината близина со Fat Tony била една од малкуте на кои им било дозволено да влегуваат во барот во целосна женска облека. Во барот, постојаната клиентела била една третина бели, друга третина Афроамериканци и трета третина Хиспаноамериканци геј мажи, како и транс-жени и drag кралици, според биографијата на Дејвид Картер.
Била уапсена и сместена во делот за drag кралици, но во целата конфузија и распоредување на уапсените, Tammy успеала да побегне. Не се знае што се случува со неа по клучната 1969 година.
4. Sylvia Rivera
Sylvia била 17-годишна drag кралица и Порториканка, како и транс-активистка, а она вечер била присутна во Stonewall Inn по покана на Tammy.
Според споменатата биографија, таа била дел од јавноста која се собрала пред барот и според некои токму таа започнала со извикување на паролата „Се случува револуција“. Исто така, според некои кажувања таа е првата која фрлила со тврд предмет или шише накај полициските кордони таа вечер.
Sylvia е основач како на Gay Liberation Front, така и на Gay Activists Alliance, но понатаму учествува и во формирањето на Street Transvestite Action Revolutionaries со блиската пријателка Marsha P. Johnson. Го посветила целиот нејзин живот на помагање на бездомните, млади drag кралици и транс-жени.
Од оние други улоги кои требало да бидат опфатени и базирани на вистинските личности, вклучени во протестите се Allyson Allante, која имала само 14 години при нејзиното приведување од страна на полицијата, потоа Diane Kearney, Zazu Nova, Miss Peaches итн.
Но зошто е важно сите овие вистински личности да бидат вклучени во филмот низ улоги за нив?
Danny Garvin, кој исто така учествувал на протестите, за NPR изјавил дека пред Stonewall – „ние никогаш не знаевме колку сме поврзани како заедница“.
Понатаму тој вели: „Не правеше разлика дали drag кралица или пак сте leather кралици или сте младо дете или повозрасна личност во своите 30-ти, сите се боревме за правото да се вратиме во барот, да бидеме во можност да танцуваме и да не бидеме опресирани“.
Извор: www.gaystarnews.com