Во текот на 2015 година, ЛГБТ темите со полна сила влегоа во просторот на рекламирање производи од американската индустрија, а меѓу нив најмногу преовладуваа оние реклами кои ги опфаќаат семејните вредности, како и трансродноста.
Креативците од маркетиншката сфера, со своите рекалмни решенија сакаа да создадат амбиент на прифаќање на ЛГБТ темите, дури и пред одлуката на Врховниот суд на САД за полноправна брачна еднаквост, како и пред јавната објава на Caitlin Jenner на нејзината трансродовост, пишува во Ad Age, каде се издвоени 10-те најдобри реклами.
Рекламата на Tiffany & Co. е првата реклама за накит, каде што се појавува геј пар, а беше дел од кампањата “Will you?”, со која се промовираа венчални прстени. Истата се појави неколку месеци пред историската одлука на Врховниот суд.
Со рекламното видео, каде што се комбинира наклонетоста кон Star Wars со моменти од реалниот живот на еден истополов пар, се покажа многу интересна ова комбинација, имајќи предвид дека тоа е прав пример како може да се искористат ЛГБТ темите со цел да се ажурира имиџот на својот бренд. Таков беше успешниот обид за рекламирање на Campbell.
Компанијата за производство на моторни возила Lexus, во својот последен веб серијал за рекламирање, опфати четири ЛГБТ луѓе кои зборуваат за своите искуства на „аутирање“ за магазинот Out и нивниот настан Out100.
Понатаму, ова трогателна реклама на Wells Fargo каде што две жени учат знаковен јазик, со кој ќе може да комуницираат со својата посвоена ќерка е уште еден пример за тоа дека семејните вредности може да варираат и дека како такви преовладаа во однос на ЛГБТ темите, во текот на ова година.
Во рекламното видео на брендот за негување на кожата, главната улога ја има Jazz Jennings, трансродна тинејџерка која зборува за нејзиното искуство на „аутирање“ и нејзината борба за вклопување во општеството, каде што сака да биде прифатена и да ја пронајде својата среќа.
Помеѓу десетте најдобри реклами со ЛГБТ теми, ова година, се најде и она на ограничената серија на Doritos чипсот, чија амбалажа беше обоена со боите на виножитото, а како таков чипсот беше дистрибуиран за време на Поворката на гордоста, што се одржа во Далас.
И трговските центри се обраќаа наклонето кон ЛГБТ заедницата, ова година, и тоа се забележува во ова реклама на Nordstrom, која прикажува маж кој се враќа дома кај својот партнер и неговото куче, токму за време на празниците.
Исто така, по повод одржување на Поворки на гордоста во САД, познатиот бренд за водка се рекламираше со приказна за запросување помеѓу Paige и Amande на плажата на која се запознале. И ова реклама ги опфаќа темите за релациите, љубовта и семејството.
Ланецот на фитнес клубови Equinox, исто така, во текот на месеците на одржување на Поворки на гордоста, спонзорираше изработка на мурал во Williamsburg, Brooklyn, кој прикажува како се бакнуваат двајца мажи. Исто така, тие поттикнаа и споделување на фотографии на социјалните мрежи со хаштагот #PoweredByPride, со цел преку таквите објави да донираат средства за хуманитарни потреби.
Уште еден американски ланец на трговски центри, во својата рекламна кампања за венчални подароци, промовираше истополов пар и со тоа испрати порака за еднаквоста, која се однесува и на семејниот живот, така што може да се постигне долгорочен ефект за сопствениот бренд.
Извор: www.crol.hr