Христијанските фанатици од Америка се борат против против ЛГБТИ правата во странство
Можеби изгледа како незгодна коинциденција. Како што ЛГБТ правата напредуваат на Западот – Франција и Нов Зеланд се најновите држави кои ги легализираа истополовите бракови – така хомофобијата зема замав на други локации. Но овие очигледно спротивставени трендови можеби се поврзани. Не успевајќи на домашен терен, екипа составена од американски конзервативни христијани ја пренесуваат борбата преку границите.
Во еден невообичаен случај, според Статутот за прекршоци на странски државјани, еден судија од Масачусетс разгледува тужба поднесена од Сексуални Малцинства на Уганда (SMUG), група која се залага за ЛГБТ права, против Скот Лајвли, свештеник и ко-автор на “Розовиот кукаст крст” (во која се тврди дека нацизмот бил подгреван од хомосексуалноста). Г-н Лајвли ја посетил Уганда во 2009, се сретнал со политичари, се појавил на телевизија и ги споделил своите теории за тоа дека хомосексуалците регрутираат млади луѓе.
Кратко потоа, еден пратеник во Уганда дал предлог-закон според кој постоечките казни за хомосексуално однесување би станале уште поригорозни; а меѓу другите драстични мерки, се бара смртна казна за „тешка“ хомосексуалност. Сред сиот тој разгорен анти-геј пламен, како и наслови како на пример „Обесете ги, ќе ни ги земат децата“, беше убиен геј активист. SMUG наведува дека, во овој случај а и претходно, г-н Лајвли се залагал за прогон на хомосексуалците во Уганда. Тој вели дека предложил терапија и превенција, а не строги казни.
Оваа епизода е дел од поширока кампања. Други свештеници, како на пример Лу Енгл, фундаменталист во влијателна црква во Канзас, САД, исто така бил во Уганда. Новиот документарец, „Господ ја сака Уганда“, прикажува координација меѓу посетителите, домашните мисионери и свештеници од Уганда кои биле обучувани од американски свештеници.
Претставништвата на Американскиот Центар за закон и правда (ACLJ), група основана од телевангелистот Пат Робертсон, во Кенија и Зимбабве, наводно се противеле на измените на своите статути кои би биле во прилог на хомосексуалците. (ACLJ инсистира на тоа дека „не ја изнесува својата агенда во странство“.)
Во Африка, спроведувачите на кампањата го користат јазикот на антиколонијализмот, ги претставуваат ЛГБТ правата, како и самата хомосексуалност, како нешто што дошло од Западот; противниците велат дека криминализацијата на геј сексот сама по себе е наследена од империјата. Но реториката и тактиките се флексибилни. Американците со задоволство, по потреба, соработуваат со идеолошки блиските римско-католички и православни верници, што од друга страна едвај влегуваат во рамките на христијанството од страна на екстремните протестанти. Се подразбира дека и радикалните исламисти се нивни сојузници.
Во поранешниот Советски Сојуз, каде хомосексуалноста во глобала била легализирана, акцентот бил ставен на тоа да се спречи нејзината „промоција“. Џули Дорф од Советот за глобална еднаквост, лоби-група од Вашингтон, вели дека напорите на Американците се насочени кон засилување на предрасудите и анти-геј законите.
Два законикои се влечкаат низ Парламентот на Украина, на пример, би ја криминализирале геј „пропагандата“ (сличен закон наближува и во Руската Дума). За да се осигураат, во изобилство има непријателски (и понекогаш насилен) однос кон хомосексуалноста. Но Џим Мулкејхи, свештеник во пензија, чија работа сега е поврзана со хомосексуалците во Украина, смета дека ресурсите и мултимедијалното претставување на анти-геј лобито го откриваат мешањето од страна на американците.
И Пол Камерон, американски психолог кој хомосексуалноста ја смета за слична на користењето дрога, и г-н Лајвли, имале турнеи низ Источна Европа. Геј активистите во Молдавија велат дека влијанијата од надвор помогнале да се намали фамата околу сексуалноста во неодамна донесениот закон за анти-дискриминација. Во Латвија, г-н Лајвли склопи братство со црква чии верници малтретирале учесници на Поворки на гордоста.
Третиот фронт се Карибите и Централна Америка. Кејлеб Ороско од UNIBAM, група која се залага за ЛГБТ права во Белизе, тврди на суд дека криминализацијата на истополовите сексуални акти е противуставна. Според Хајди Бејрих од Southern Poverty Law Centre, бранител на човековите права, со потекло од Америка, постои коалиција од цркви кои се противат на движењето е поддржана од Алијансата во Одбрана на Слободата (ADF), уште еден субјект од Америка. (ADF, како и г-н Енгл, беа недостапни за коментари.) Најистакнатото религиозно анти-геј лице е Американец; неговата црква е поврзана со свештенството во Аризона, чиј лидер ги терал верниците да ги оживуваат мртвите во мртовечница. Г-н Ороско добил закани и бил нападнат со шише.
Колатерална штета
Американските фундаменталисти се гледаат себеси како бранители на библиските вредности и уништувачи на дегенеративните појави. Во странство, политиките за кои се залагаат според таа кауза често се поекстремни од оние кои ги промовираат дома (иако г-н Лајвли би сакал да ја „рекриминализира прељубата, вонбрачниот секс и хомосексуалноста“ во Америка, но како ситни прекршоци). Неколкумина би сакале да се здружат во глобална теократија.
Во Америка, промотерите на такви идеи лесно можат да бидат видени како чудаци и фанатици; а според нив, нивната земја го има загубено моралот. Но на нивните патувања нивниот збор се слуша, се обраќаат на парламенти и се појавуваат на мејнстрим телевизиите.
Таквиот прием ја крева мотивацијата, но нуди и практични придобивки. Влијанието, видливоста и пристапот во земји каде (како што сметаат верниците) правдата се’ уште не е победена, сето ова помага при собирањето средства. Активистите често се наоѓаат во истиот круг, па оттука ова се гледа како еден вид натпревар.
Аргументите кои ги даваат прават поврзаност меѓу промените на Западот и ги прават поизразени уназадувањата во другите земји. Анти-дискриминациските закони и другите либерализирачки реформи се доказ за глобалниот секуларен заговор, против кој Африка, Источна Европа и Карибите мораат да создадат одбрана. Повремените коментари од американската влада во однос на прогонувањето на хомосексуалците во странство само ја докажува моќта на заговорот. Некои траги покажуваат дека вистинскиот фокус на ваквите патувачки говорници е на друга страна. Нивната гласност и бес кон прашањата како што се истополовите бракови и посвојувањето деца можат да одекнат во Америка, но речиси и немаат важност во држави каде дури и истополовите сексуални акти во приватноста се противзаконски.
Капја Каома, англикански свештеник од Замбија кој работи за PoliticalResearchAssociates, либерален истражувачки центар од Бостон, вели дека учесниците во кампањата се соочуваат со моќно прогресивно лоби на домашен терен, но во Источна Африка, нивните противници се изолирани и слаби. Тој вели дека страдањето на хомосексуалцита во ваквите места е „колатерална штета“ во културните војни кои ги водат Американците.
Извор: The Economist