Од 20-ти до 29-ти јуни 2014 ќе биде одржана втората Недела на гордоста. Неделата на гордоста е организирана со 10-дневна програма, со различни настани кои отвараат различни аспекти за ЛГБТИ заедницата. Во продолжение е поместена Програмата за Неделата на гордоста 2014:
20.06.2014 (петок)
20:00 Отворање на изложба „Јазик, идеологија и насилство“
Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Субверзивен Фронт
Локација: Монтажна Галерија, Парк на франкофонија
21.06.2014 (сабота)
19:00 Проекција на филм „Врела крв“, дебата, коктел
Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Акција Здруженска и ФРИК
Локација: Монтажна Галерија, Парк на франкофонија
22.06.2014 (недела)
19:00 Јавна дебата „Pride: провокација или потреба“ и коктел
Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата и Младински образовен форум
Локација: Монтажна Галерија, Парк на франкофонија
23.06.2014 (понеделник)
17:00 Работилница „Надминувањето на хомофобијата и хомофобичното малтретирање во рамките на сеопфатно сексуално образование“
Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА
Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83
21:00 Настан за ЛГБТИ заедницата Љубовен сервис: Speed dating
ЛГБТИ Центар за поддршка
Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83
24.06.2014 (вторник)
Дебата SexDrive: Секс со стимуланси – опасност или избор?
ЛГБТИ Центар за поддршка и ЕГАЛ
Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83
25.06.2014 (среда)
20:00 Проекција на документарниот филм “Што е парада?” во режија на Наташа Гелева и дискусија за филмот со авторката
ЛГБТИ Центар за поддршка
локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83
Едукативна работилница за млади „ЛГБТИ правата се човекови права“
Младински образовен форум и Студентска организација Излез
Локација: Двор на Младински образовен форум, ул. Дренак 34А
26.06.2014 (четврток)
19:00 Форум: Хомофобијата е феминистичко прашање!
ЛезФем
Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка
27.06.2014 (петок)
19:00 Дискусија и видео „Заедница во заедница: двојна дискриминација и стигматизација на транс сексуалните работници“
СТАР-СТАР и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Локација: Автономен Културно Социјален Центар, ул. Борка Талески 26
28.06.2014 (сабота)
19:00 ХИВ и мојата заедница: проекција на филмот “We were here“ и дискусија
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ
Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски Борче 83
29.06.2014 (недела)
19:00 Затворање на неделата на гордоста (забава, архива 10 години ЛГБТИ активизам, храна…)
Субверзивен Фронт и Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата
Локација: Парк на франкофонија